Седи си дома и научи нешто ново!

Оваа среда ти нудиме бесплатно онлајн предавање за Front-end vs. back-end со Деан и Александра.

Не ја пропуштај шансата да научиш повеќе за основните поделби во прoграмирањето, а истовремено ќе добиеш и персонална анализа на твоите вештини и препорака за курс кој ќе ти помогне полесно да стигнеш до кариерата од твоите соништа.  

Пријави се

Што ќе научиш?

Ова бесплатно предавање ќе ти помогне да ги согледаш разликите помеѓу front-end и back-end страните, од кои се креирани современите веб апликации. Ќе ти даде насоки кои јазици, технологии и алатки се користат при креирање веб решенија. Ќе научиш како функционира комуникацијата помеѓу пребарувачите и веб апликациите, но и помеѓу предната и задната страна на веб апликациите.

Како резултат на оваа презентација, како и преку дискусија со презентерите, ќе можеш самостојно да избереш во која насока сакаш да продолжиш со учење, за да станеш и ти дел од ИТ индустријата.

На презентацијта ќе бидат претставени нашите нови onlinе курсеви, кои ги припремивме за тебе, за учење во овие специфични времиња.