Март месец го посветивме на нашиот предавач Петар Рајчиноски и сакаме да ве запознаеме што повеќе со него. Тој e сертифициран SnapLogic девелопер, предавач во Интерворкс Едукативен Центар и технички консултант во Интерворкс. Има 5 години искуство во ИТ индустријата, 2 години искуство како предавач и ментор на повеќе од 5 консултатни во компанијата каде работи.

Што за тебе претставува интеграцијата?

Со интеграцијата за прв пат сериозно се запознав во Интерворкс. Тоа е дел од ИТ сферата кој на компаниите им помага за релативно краток период но со голема ефикасност да ги сихронизираат нивните системи, да ги “испеглаат” сите недоследности помеѓу нив и да ги автоматизираат процесите.

Зошто баш SnapLogic?

SnapLogic е една од многуте алатки во делот на интеграцијата, а впрочем е и прва алатка за интеграција со која јас се сретнав пред окoлу 3 години. Како и останатите интеграциски алатки, начинот на работа е ‘drag and drop’ но една од значајните карактеристики е тоа што едноставно ви треба корисничко име и лозинка и можете да работите од која било машина на кое било место. Со повеќе од 500 конектори SnapLogic едноставно нуди поврзување со огромен број на системи, бази, складишта на податоци, сервиси и тн… Исто така значително се следат трендовите во делот на машинското учење, а SnapLogic во последните неколку години работи на креирање и подобрување на компоненти (snaps) наменети токму за машинско учење.

Кои се твоите видувања за иднината на интеграцијата?

Знаеме дека живееме во свет каде секојдневно имаме нови апликации, системи, сервиси, секојдневно се трупаат огромен број податоци кои се анализираат и обработуваат. Од се погоре наведено сметам дека интеграцијата и нејзиното значење во ИТ не е доведено во прашање. Напротив, забележително е дека се повеќе се зголемува потребата од интеграција во глобални рамки и тој тренд сигурно ќе продолжи во иднина. Посебно во вакви кризни ситуации интеграцијата игра клучна улога.

Кој е Петар во еден збор?

Не би знаел, најверојатно секој има различна перцепција за секој од нас. 😊

Омилен проект на кој си работел?

Би можел да издвојам еден проект кој служи за сихронизирање на огромен број податоци (милијадри). Податоците се сместени во повеќе од 200 табели и целата обработка и сихронизација на податоците е постигната со потполно оптимизирана интеграција од неколку процеси кои динамички ги обработуваат податоците во зависност од табелата која се сихронизира.

Твое најголемо достигнување?

Во професионална конотација, најверојатно проектот кој го опишав погоре заедно со уште еден проект на кој моментално работам.

Работиш како девелопер во Интерворкс, а истовремено си предавач во ИВЕЦ, како успеваш?

Не би рекол дека е многу едноставно, пробувам квалитетно да го распределам и  искористам времето во текот на денот.  Лесно можеш да се откажеш ако не си воден од желбата да пренесеш знање и да им помогнеш на студентите да ги исполнат нивните цели. Курсот за интеграција во IWEC е позитивно искуство за мене, давам сè од себе да ги исполнам целите на курсот, но пред се и на студентите кои го посетуваат.

Која вредност те води во животот и би рекол дека се обидуваш да ја наметнеш на сите околу тебе?

Сакам кога луѓето се искрени и добронамерни. За мене е важно меѓусебното почитување, на крајот на денот сите сме луѓе со свои соништа а не машини кои само извршуваат одредена работа.

Што би им порачал на сите оние кои размислуваат да започнат кариера во интеграција?

Дајте си прилика да ги проширите своите знаења за интеграцијата, нема што да загубите. Ве охрабрувам да се обидувате, не се плашете и не се обесхрабрувајте. Доколку ви изгледа како нешто што сакате да биде ваша професија го имате IWEC како ваш пријател, а впрочем слободно контактирајте ме и мене: petar.rajchinoski@interworks.com.mk.

За крај, како остануваш продуктивен во ова време кога сме соочени со криза и си приморан да работиш и да одржуваш курсеви од дома?

Исклучително е важно да можеме да се прилагодиме на вакви ситуации. За мене работните активности продолжуваат со исто темпо, само локацијата е тоа што моментално е променето. Во поглед на on-line SnapLogic курсот не гледам потешкотии, напротив, секогаш имаме и позитивни и негативни страни и заедно со Јован го даваме најдоброто од нас за студентите да ги постигнат нивните цели.