Сведоци сме на една невообичаена ситуација која не натера да си ги промениме навиките и начинот на кој го живееме животот. Ситуацијата со Корона вирусот наметна некои нови стандарди, нови начини на водење на бизнис и секако нови едукативни модели.

Како и во секоја нова ситуација почетокот е секогаш тежок, непредвидлив и секако предизвикувачки. Но животот се случува денес и не можеме да направиме ништо друго освен да продолжиме понатаму. Пандемијата не научи дека за сé постои алтернативен начин, а некогаш тој е и подобар од оргиналниот.

Една од најважните лекции која ја научивме ние од „Интерворкс Едукативен Центар“ е дека учењето онлајн и не е така страшно и секако е изводливо, дури и дава поголеми резутати.

Па зошто да чекаме нашата иднина да се случи, а да не ја создадеме сами за да биде онаква каква што сакаме?  Оваj специфичен период низ кој поминуваме може да трае уште само две недели но може да трае и долго, односно месеци и години.

Шесте курсеви кои ги одржавме во нашата виртуелна училница беа исклучително успешни и нашите кандидати беа задоволни од резултатите кои ги постигнаа.

Прочитајте во прилог што тие имаат да кажат:

“Сите предавања и потребни материјали за онлајн курсот од IWEC се обезбедени преку онлајн платформи, така што можам да пристапам до нив од мојот дом. Уште подобро – не треба да патувам било каде за да учам. Учењето преку интернет ми заштеди време, односно ми дозволи да ги организирам моите секојдневни одговорности и обврски и можам да се вклучам во учењето во било кое време. Онлајн курсот ни дава можност да останеме open-minded за најновите истражувања и знаења. Лично јас, ги охрабрувам сите кои сакаат да започнат со бесплатните курсеви од IWEC, да го направат тоа веднаш!”- Маја

“Голем поздрав до тимот на Интерворкс и идејата за организирање на онлајн курсевите, навистина се одични!” – Оливера 

“До сега имам позитивно искуство, предавањата од курсот се одвиваат успешно без никакви пречки. Ги задржавме истите термини и продолживме со исто темпо на учење. Добра страна е што имавме можност да се запознаеме претходно со предавачот, нејзиниот начин на предавање и функционирање на предавањата, па добро се снајдовме во транзицијата која претставува одлично искуство за сите нас.” – Весна

За крај, не чекајте иднината да се случи, крирајте ја сами. Ајде да продолжиме да учиме онлајн!