Интерворкс Едукативен Центар организира нов курс: Основи на развивање на софтвер: back-end страна (Java, RDBMS, Web Services).  По тој повод организираме отворен ден на 09.05.2019, а на оваа средба сите заинтересирани ќе имаат можност да слушнат и дознаат се’ што ги интересира во врска со курсот и да добијат одговор на сите прашања. Воедно ќе имаат можност да се запознаат со нашите предавачи.

Настанот ќе се одржи во просториите на Интерворкс Едукативен Центар во четврток, 09 мај со почеток во 17:30 часот.