Машинското учење или Machine learning (ML) претставува наука која им помага на компјутерите да работат без да бидат програмирани. Машинското учење се користи за ефективно пребарување на веб, автомобили возат сами, препознавање на говор и текст…. Секојдневно слушаме новости за Машинското учење, а и самото тоа е толку застапено во нашиот живот што го употребуваме многу пати во денот без да сме свесни за истото.

Јазикот за природна обработка или подобро познат како Natural language processing (NLP) e поле на машинското учење кое се занимава со интеракции помеѓу компјутерите и човечките (природните) јазици, односно како да се програмираат компјутерите да процесираат и анализираат големи количини на природни јазични податоци. Предизвиците во јазикот за природна обработка често се однесуваат на препознавање на говор, сентиментална анализа, разбирање на јазикот на природна обработка и генерирање на јазици за природна обработка. 

Следното видео ќе ве води низ процесот на креирање и прикажување на SnapLogic (прочитајте повеќе за платформата SnapLogic овде) pipelines како REST API способни за сентиментална анализа. Вистинската цел на оваа ML интеграција е да препознае емоција во коментарите на IMBD и да ги категоризира истите како позитивни или негативни.

Машинското учење е актуелна тема која полека го зазема светот, oдносно светот на софтверот. Нашиот предавач Петар Рајчиноски како дел од Интерворкс секогаш бара интересни и предизвикувачки задачи и ова е само почеток на неговата работа со Машинско учење со SnapLogic.  

Доколку сакате да научите повеќе за интеграција, SnapLogic или машинско учење следете не или контактирајте не на educentar@interworks.com.mk.