Од пред еден месец светот се соочува со пандемија. Во овој исклучително специфичен период потребни се соодветни мерки за да го задржиме колективното здравје. Со таа цел, и секако со цел нашите слушатели  да останат здрави и безбедни, но едновремено и да го продолжат едукативниот процес, предавањата на дел од курсевите ги пренасочивме онлајн. Со ова слушателите продолжуваат со исто темпо и под истите услови го реализираат нивниот процес на едукација.

Најголемиот дел од активностите на Интерворкс Едукативен Центар во моментот се насочени кон транзиција и успешен трансфер нашите обуки да можат да се следат од домашни услови, со истиот квалитет како и претходно. Покрај овие мерки за креирање виртуелна училница, како општествено одговорна компанија одлучивме да понудиме и три бесплатни онлајн курсеви. Ова е период кога треба да си помагаме и да се грижиме едни за други повеќе од било кога, затоа да помогнеме што повеќе.

Како се одвиваат часовите онлајн?

Нашите ментори се погрижија часовите да се одвиваат онлајн со користење на платформата 8X8 и Skype. Секој слушател пред почетокот на часот добива мејл со инструкции и линк од каде може да го следи предавањето. Со едноставни чекори тој/таа може да се приклучи на часот и да го следи предавањето. Онлајн часовите овозможуваат интеракција и активно учество во часот. Со опцијата screen share слушателите во секој момент го гледаат екранот на предавачот, а затоа што предавањето се одвива во живо сите имаат можност во реално време да коментираат, да поставуваат прашања и слично.

Зошто едукацијата треба да продолжи?

Велат дека социјалното дистанцирање значи да се дистанцираш од луѓето, но не и од твојата цел. Токму поради тоа, иако сме поставени пред еден од најголемите предизвици на модерното време, заедно можеме и мораме да го надминиме. А кој е најлесниот начин да се надмине еден кризен период? Обврски, обврски, обврски. Да, доколку сме зафатени со нешто продуктивно и корисно периодот ќе го поминеме побрзо, но што е поважно и ќе излеземе подобри од истиот.

Токму затоа е значајно да продолжиме со процесот на едукација, секако на најбезбеден начин. Во денешно време тоа и не е толку сложено. Со напредокот на технологијата само еден клик не носи во виртуелна училница каде можеме да продолжиме онаму каде сме застанале.

Има најразлични платформи кои може да се користат за оваа цел, а ние го избравме 8X8. Нашите слушатели се во безбедноста на нивните домови, но продолжуваат да учат и да ја градат својата иднина. 

Кои бесплатни онлајн курсеви ги нудиме?

Како што напоменавме и на почетокот следниот период треба да си помагаме и да се грижиме едни за други повеќе од било кога. Имајќи го тоа во предвид Интеворкс Едукативен Центар одлучи да понуди бесплатни онлајн курсеви за сите возрасти.

Во моментот ги нудиме следните три курсеви: Бесплатен онлајн курс за вовед во веб дизајн (за деца и млади), Бесплатен онлајн курс за програмирање со Java (за почетници) и Бесплатен онлајн курс за развој на веб апликации со Java (Spring и Hibernate).

Но, не застануваме тука!

Следете не во следниот период ќе понудиме уште неколку бесплатни онлајн курсеви, со цел да им помогнеме на што повеќе луѓе да стигнат до кариерата од нивните соништа!

Останете дома, останете безбедни но секако останете и продуктивни, а ние сме тука да ви помогнеме околу тоа.