Зошто секоја компанија има потреба од Front-end дизајн?

Секојдневно посетуваме и пребаруваме низ многу веб страни. Секоја посетена веб страна нè носи низ уникатно искуство по кое ја паметиме. Нашето искуство со страната може да биде лошо или добро. Сé што гледаме на една страна едноставно се нарекува Front-end (предна страна), и како што и самиот збор кажува, тоа е она што е […]

Иднината е во учењето онлајн

Сведоци сме на една невообичаена ситуација која не натера да си ги промениме навиките и начинот на кој го живееме животот. Ситуацијата со Корона вирусот наметна некои нови стандарди, нови начини на водење на бизнис и секако нови едукативни модели. Како и во секоја нова ситуација почетокот е секогаш тежок, непредвидлив и секако предизвикувачки. Но […]

Физичко дистанцирање со Марија Димитровска

Марија Димитровска е нашиот предавач на курсевите Современи методи на менаџирање и од неодaмна таа го креира и бесплатниот онлајн курс – Основи на Scrum методологија. Решивме да ја прашаме како го поминува периодот на физичко дистанцирање.

Ангела и Весна во виртуелната училница на Интерворкс Едукативен Центар

Ангела и Весна се дел од курсот Современи методи на менаџирање, кој поради моменталната ситуација со Ковид-19 е еден од курсевите кои се премостија во нашата виртуелна училница. Решивме да ги прашаме како влијае моменталната ситуација на нивниот живот, што мислат за процесот на учење онлајн и како успеваат да останат продуктивни и да учат од дома.

Продолжуваме онлајн!

Од пред еден месец светот се соочува со пандемија. Во овој исклучително специфичен период потребни се соодветни мерки за да го задржиме колективното здравје. Со таа цел, и секако со цел нашите слушатели да останат здрави и безбедни, но едновремено и да го продолжат едукативниот процес, предавањата на дел од курсевите ги префрливме онлајн.

Запознај го Петар Рајчиноски

Март месец го посветивме на нашиот предавач Петар Рајчиноски и сакаме да ве запознаеме што повеќе со него. Петар Рајчиноски e сертифициран SnapLogic девелопер, предавач во Интерворкс Едукативен Центар и технички консултант во Интерворкс со 5 години искуство во ИТ индустријата, 2 години искуство како предавач и ментор на повеќе од 5 консултатни во компанијата каде работи.

Останете безбедни и здрави и не заборавајте со тоа што се чувате вие ги чувате и другите!

Интерворкс Едукативен Центар редовно ја следи состојбата со епидемијата на COVID-19 и според препораките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за Здравство на Република Северна Македонија ви соопштуваме дека:

Препознавање на емоции во коментари на IMDB со помош на SnapLogic машинско учење

Машинското учење или Machine learning (ML) претставува наука која им помага на компјутерите да работат без да бидат програмирани. Машинското учење се користи за ефективно пребарување на веб, автомобили возат сами, препознавање на говор и текст…. Секојдневно слушаме новости за Машинското учење, а и самото тоа е толку застапено во нашиот живот што го употребуваме многу пати во денот без да сме свесни за истото.
Јазикот за природна обработка или подобро познат како Natural language processing (NLP) e поле на машинското учење кое се занимава со интеракции помеѓу компјутерите и човечките (природните) јазици, односно како да се програмираат компјутерите да процесираат и анализираат големи количини на природни јазични податоци. Предизвиците во јазикот за природна обработка често се однесуваат на препознавање на говор, сентиментална анализа, разбирање на јазикот на природна обработка и генерирање на јазици за природна обработка.
Следното видео ќе ве води низ процесот на креирање и прикажување на SnapLogic (прочитајте повеќе за платформата SnapLogic овде) pipelines како REST API способни за сентиментална анализа. Вистинската цел на оваа ML интеграција е да препознае емоција во коментарите на IMBD и да ги категоризира истите како позитивни или негативни.