Зошто децата да посетуваат летен камп за програмирање?

Го прославуваат и со нетрпение го очекуваат летниот распуст, а ние сакаме и да го искористиме максимално охрабрувајќи ги децата и младите да стекнат и да надоградат нови знаења и вештини.

Интересите за програмирање се сè поголеми, а децата започнуваат да учат уште од најмалa возраст. За таа цел ние оваа година организираме два летни кампа, детски камп на Пелистер и детски камп во Маврово .

Зошто вашето дете треба да посетува  камп?

Има многу придобивки од посетата на летен камп за децата и младите. Започнувајќи од социјални, културни, академски придобивки, до нови животни искуства кои би се рефлектирале и понатаму во животот на децата на секое поле. Летните школи и програми постојат долго време, но во нашата земја се малку застапени. Оваа година по втор пат организираме детски летен камп со што станува наша традиција.

Што  ќе постигнеме?

  • Пошироко размислување: децата и младите ќе научат да креираат и користат игри, веб страни и креираат проекти со кои што ќе се гордеат.
  • Логичко размислување: со примена на пристапот чекор по чекор им се дава можност на децата да размислуваат од причинско -последичнен аспект и на поедноставен начин да ги решаваат проблемите.
  • Решавање на проблеми: учат и пробуваат нови работи, претпоставуваат и грешат, а од тие грешки и учат. На овој начин се зголемува самодовербата, издржливоста и академските перформанси потребни за идните предизвици.
  • Компјутерско размислување: истражуваат, изучуваат, креираат и презентираат поставувајќи ја основата за креирање на идни креативни иноватори.

Зошто децата да учат програмирање ова лето во нашиот летен камп?

  • Во камповите децата учат во групи и стекнуваат вештини за соработка, работа во тим.
  • Програмирањето е предизвик кој ги учи децата на критичко размислување.
  • Учат да програмираат додека играат и се забавуваат.
  • Стануваат подобри решавачи на проблеми.
  • Ја поттикнуваат својата креативност и имагинација и стануваат подобри раскажувачи на приказни.
  • Се забавуваат со примена на бројки.
  • Развој на интерперсонални, индивидуални вештини и социјализација.
  • Со учење програмирање од рана возраст ја насочувате иднината на вашите деца во област која денес преовладува.

Сакате да го поттикнете целосниот потенцијал на вашите деца со учење програмирање, а тоа да биде интересно и забавно лето?

Направете го вашиот избор и обезбедете им на вашите деца да бидат дел од еден од нашите кампови:

⋮ИВЕЦ детски летен камп на Пелистер, од 25-30 Јули 2022, и

⋮ИВЕЦ детски летен камп во Маврово во партнерство со Macedonia 2025, од 07-13 Август 2022

Популарни статии

Subscribe for news
X

One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.