Кои се најбараните вештини во ИТ денес?

Пазарот на трудот постојано се менува и кариера поврзана со технологии и ИТ станува сè попопуларна. Но без разлика на тоа каква кариера ќе изберете, поседувањето на одредени вештини е многу значајно во зголемување на вашата шанса за успех и потенцијално вработување. Особено меките вештини денес се едни од најзначајните.

Доколку сепак вашиот избор за кариера се темели на ИТ и технологија, одредување на вештините кои се најбарани на пазарот може многу да ви помогне во градење на успешна кариера. Во следниот текст, ќе зборуваме за некои од најбараните вештини кои би требало да ги развиете за да најдете работа во ИТ.  

Според Glassdoor трите работни позиции за кои има најмногу огласи се : на прво место се наоѓаат Front-end инженери, Java Developers го заземаат второто место, а Full-stack инженерите забележуваат 35% пораст секоја година од 2015 наваму. *

Кога станува збор за специфични вештини, постојат некои забележителни трендови како што се :

•             HTML и CSS се сметаат како најлесни програмски јазици со кои треба да започне да учи еден почетник

•             Python е најбрзо растечкиот програмски јазик и е втор по популарност на GitHub

•             JavaScript е најкористен јазик веќе осум години по ред  

•             Go е многу баран но тешко се нуди, само 7% од програмерите работат користејќи го често

•             Scala, Ruby, Typescript и Kotlin се исто така многу барани на пазарот

Дополнително, како што споменавме на почетокот меките вештини навистина многу помагаат во градење на успешна техничка кариера. Комуникација, преговарање, активно слушање, тимска работа и трпение се вештини кои можат да ве издвојат од конкуренцијата и да ви помогнат лесно да најдете работа.

За да ја однесете вашата кариера на следно ниво, потребно е да го зголемите вашето знаење и да стекнете вештини кои ќе ви помогнат полесно да стигнете до работа. Но, како најлесно да го направите тоа?

Со избор на правилна обука или академија. Доколку сте заинтересирани за стекнување на најбараните вештини на пазарот на трудот, разгледајте ја нашата Full-stack академија која опфаќа и целосен дел посветен на меките вештини, а доколку сакате дополнителни детали закажете состанок со нашиот тим уште денес!

*(извор: https://learntocodewith.me/posts/tech-skills-in-demand/#programming-languages).

Популарни статии

X

Со еден клик дознај ги новите курсеви, промоции и попусти.