Мисијата на ⋮ИВЕЦ е да ги поврземе теоријата и искуството кое го поседуваме во кохезивен едукативен процес, кој ќе ги трансформира кариерите со всадување на релевантни и препознатливи вештини и компетенции.
Нашиот стремеж го согледавме и во Локалното партнерство за вработување- Bitola Startup (финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија). Така заедно со нив ја креиравме обуката Full Stack програмирање со Java, која има за цел да им помогне на кандидатите да се стекнат со потребните вештини и да се запознаат подобро со фазите за изработка на апликации, нивно тестирање и одржување.
Задоволство ни е да објавиме дека за обуката имавме огромен интерес и повеќе од 300 апликации пристигнаа во нашиот систем. Од сите нив имавме прилично тешка задача да избереме само 30. Избраните кандидати започнаа со обуката и заедно со нашите ментори ја завршија првата фаза.

Обуката Full-Stack програмирање со Java се реализира во три фази:
Во првата фаза 30 студенти започнаа да ги совладуваат основите на програмирање, со помош на програмскиот јазик Java, и ралационите бази на податоци, преку PostgreSQL.
Во следната фаза успеаа да влезат 17 кандидати кои постигнаа задоволителни резултати, на соодветните тестови. Во овој дел се изучуваат напредни работни рамки Spring Hibernate и Junit, мрежни протоколи HTTP HTTPS, веб сервиси RESTFUL, претставување на податоци во современи формати XML JSON Linux OS и виртуелизација.
Во третиот дел ќе бидат практично применети сите стекнати знаења и вештини од претходните два дела. Проектите ќе бидат дополнителна самостојна работа.
Како што споменавме погоре, 17 кандидати успешно го поминаа процесот на тестирање со практичен и теоретски дел, по што започнаа со втората фаза.