Оваа година ја започнуваме со новo име, нови амбициозни планови, многу успешно завршени курсисти и секако можеби и најважно многу први вработувања во ИТ индустријата за сите од нив. Во прилог прочитајте што се случуваше во Јануари во ⋮ИВЕЦ.
Интерворкс Едукативен Центар се ребрендира во ⋮ИВЕЦ!
Задоволство ни е да објавиме дека од Јануари 2021 нашето ново име е ⋮ИВЕЦ! Ја поврзуваме теоријата со пракса за да ти помогнеме полесно да стигнеш до работа во ИТ.

5 наши курсисти ја добија својата прва работа
Горди сме да споделиме дека 5 наши курсисти во Јануари стигнаа до нивната прва работа во ИТ индустријата. Благодарение на нивниот труд и сеопфатните програми кои ги нуди ИВЕЦ, Бојан, Јованче, Стефан Марија и Емилија ја добија својата прва работа. Ви честитаме на сите и ви посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Успешно заврши првата фаза од курсот Full stack програмирање со Java
Интересот за обуката Full stack програмирање со Java кој го организиравме заедно со Bitola Startup, беше огромен и драго ни е што избравме 30 кандидати да ја започнат истата. Од нив 17 кандидати успешно го поминаа процесот на тестирање со практичен и теоретски дел, по што започнавме со втората фаза. Драго ни е што имаме одлични кандидати кои се мотивирани да учат и да стекнат нови знаења во областа на ИТ.
Преку оваа едукативна програма, како и проектот во целост, кандидатите ќе можат да ја реализираат својата цел – вработување во ИТ индустријата.

Успешно заврши Комплетниот курс за интегрaтори со SnapLogic
Интеграцијата претставува спојување на помали делови во еден систем кој функционира како целина. Во ИТ индустријата, интеграцијата се однесува на крајниот резултат од еден процес чија цел е да ги поврзи различните потсистеми со цел податоците кои што се наоѓаат во нив да станат дел од еден поголем систем кој брзо и лесно ќе ги споделува информациите кога тоа е потребно.
SnapLogic е интеграциска алатка која во своето работење ги вклучува последните трендови во софтверската индустрија како вештачка интелегенција и машинско учење. Работи на принципот Drag-n-drop и ја користат огромни компании како, Wendy’s, Subway, Verizon, GameZeneca, Coca Cola, MasterCard, AirBnB итн. Горди сме што заврши третата група на единствениот курс за интегратори со SnapLogic во Македонија. Уште повеќе не радува фактот што 80% од курсистите кои го завршија курсот ја најдоа својата прва работа во ИТ.

Следни обуки и новитети
Како што споменавме на почетокот, нашите планови за 2021 се прилично амбициозни. Затоа за почетниците ја дефиниравме обуката ”Подготвителен курс за развој на софтвер”. По успешно завршување на оваа обука, кандидатите се подготвени самостојно да го изберат својот пат на усовршување, а наша препорака е тоа да биде преку „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“. Токму преку овие две обуки реализираме најмногу вработени кандидати, како во нашата така и во други ИТ компании.
Со цел дополнително да ги мотивираме нашите кандидати за нивно максимално ангажирање, оваа година за сите кандидати кои на „Подготвителен курс за развој на софтвер“, ќе покажат солиден успех, им одобрувме попуст од 20%, за следење на „ Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“, или некој од специјализираните курсеви. На овој начин, доколку кандидатот продолжи на Академијата, која исто така сега е со намалена цена, заштедува 250 еур, односно со својот искрен ангажман заработува, уште додека учи.
