Запознај го Марко Чурлиноски

Ноември го посветуваме на нашиот предавач Марко Чурлиноски.Тој е предавач на обуката: „Комплетна обука за тестери“.

После дипломирањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола,  и успешно завршените обуки – “Full-Stack Development” и “Mobile APP Development”, започнува со работа во ⋮IWConnect во 2017 година како Performance Test Engineer, а веднаш потоа се усовршува и како автоматски тестер за WEB апликации, мобилни апликации и Desktop апликации.

Зошто го избра токму овој дел од ИТ технологијата и дали некогаш си се двоумел?

Отсекогаш сакав да работам во ИТ. Во почетокот особено ме интересираше развојот на мобилните апликации.

Во QA како дел од ИТ индустријата се најдов сосема случајно. На почетокот сметав дека нема да имам предизвици, како што ги имаат повеќето девелопери и нема да можам да ја истакнам мојата креативност. Но како што учев и напредував, сфатив дека предизвиците и изразувањето на креативноста се исклучително важни и неопходни и во QA процесите и дека тестирањето на софтвер е еден многу важен чекор во развојот на самиот софтвер. Токму заради тоа ги одбив сите можности да прекинам да се занимавам со QA.

Кој ти бил најголем предизвик во работата?

Предизвици на работното место има постојано, особено кај личности кои сакаат да се развиваат. Постојано излегуваат нови алатки коишто се актуелни на пазарот и еден од главните предизвици е тоа да се следат трендовите во ИТ индустријата. Лично мене, најголем предизвик ми преставува кога треба да се направи концепт за одредена технологија за која што нема многу документација на интернет, и сум оставен сам на себе и на мојата лична креативност. Такви досега сум имал многу од кои најголеми биле: Автоматско тестирање на прилично стари desktop апликации и подесување на автоматските тестови да се извршуваат на различни CI/CD алатки.

Кое е твоето најголемо достигнување на личен па и на професионален план?

Бидејќи си ја сакам својата работа, лично достигнување ми преставува секој успешно направен тест, секоја најдена грешка. Колегите често ме караат бидејќи го изведувам својот Success Dance после долго вложено време на одреден проблем. Како најголемо лично достигнување го сметам тоа што успеав да научам различни техники на тестирање, што ми овозможува лесно да можам да се прилагодам на различни проекти.

Со која фраза ги мотивираш луѓето околу тебе па и себе?

“You miss 100% of the shoots you don’t take!” Никогаш нема да знаеме дали нешто сме можеле или не сме можеле да го постигнеме, ако воопшто не сме се потрудиле. Најважна е нашата желба за напредок и вложениот труд за да успееме да ги оствариме нашите животни цели.

Што имаш да им порачаш на оние кои се двоумат околу ИТ технологијата?

ИТ индустријата во денешно време расте и се развива со голема брзина. Живееме во време кога ИТ индустријата го достигнува својот врв, како резултат на пандемијата, во која што имавме ограничување за физички средби и активности и сите тие требаше да се одвиваат online. Токму затоа, во овој момент е вистинско време да започнат да се занимаваат со ИТ, тие кои сеуште не почнале, затоа што понудата на пазарот на трудот е прилично мала, а побарувачката е голема.

Како влијае светската пандемија во твојата работа и дали ѝ придаваш значење? Дали истата влијаеше врз квалитетот на обуките?

Светската пандемија воопшто не влијаеше врз обемот на работата и побарувачката. Баш напротив, како што напоменав и предходно, имавме дополнителна побарувачка. Многу ми недостасува секојдневната дружба со моите колеги, со кои што покрај работните задачи имавме размена на одлични шеги, како и прекрасно дружење за време на паузите и после работното време. Обуките продолжуваат со ист интензитет како и пред пандемијата. Она што е моментално дополнително, заради тоа што работиме од дома, е што имаме повеќе време после часовите да дискутираме и решаваме проблеми кои се јавуваат често и се тешки за разрешување.

За крај, дали успеваш да издвоиш време за себе и за своите најблиски?

Време за најблиските и прошетка во природа секогаш мора да има. Многу е важно работните задчи добро да се испланираат во текот на денот, со што ќе имаме доволно време за дружење, слободни активности па дури и учење на нови технологии.

Популарни статии

Subscribe for news
X

One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.