Ноември во ⋮ИВЕЦ

Што го одбележа месец Ноември во ⋮ИВЕЦ? Нова група започна на обуката Современи методи на менаџирање, најавуваме уште една група на нашата обука за тестирање, во соработка со ⋮IWConnect започнавме бесплатна обука за SnapLogic и за крај подготвивме уште едно видео со нашите успешни приказни.

Нова група на обуката „Современи методи на менаџирање”

Петта група на обуката Современи методи на менаџирање започна. Драго нѝ е што интересот за оваа популарна тема станува сè поголем. Нашиот предавач Марија Димитровска, со внимателно изработената програма ќе им помогне на слушателите да ги стекнат потребните основи во делот на Scrum и агилното работење.  

Во исто време веруваме дека токму нашата квалитетна програма ќе им помогне на сите посетители да изградат кариера во оваа област.

Комплетна Oбука за тестери

Една од најпопуларните и најбрзо растечките гранки во ИТ индустријата е софтверското тестирање. Сè поголема е побарувачката за инженери кои работат во делот на софтверско тестирање па токму затоа се зголемува и понудата на работни места и обуки во таа област.

Токму затоа 2022 ја започнуваме со уште една група на Комплетната обука за тестери. Дали и ти сакаш да изградиш кариера во тестирање? Тогаш не ја пропуштај оваа наша обука посветена токму на тоа.

Бесплатна обука за SnapLogic во соработка со ⋮IWConnect

Во соработка со ⋮IWConnect организиравме бесплатна обука за една од најпопуларните интеграциски алатки SnapLogic.

Околу 20тина слушатели ќе имаат можност да ги совладаат интеграциските алатки и да изградат кариера во една од најпопуларните и најплатени области на ИТ.

Во прилог погледнете како се одвиваат часовите досега.

Видео од нашите успешни приказни

Слушнете го позитивното искуство на тројца од нашите слушатели на обуката „Full stack with Java“.

Драго ни е што 90% oд слушателите по завршување на обуката стигнаа до својата прва работа во ИТ.

Дали и вие сте подготвени за следниот чекор во вашата кариера?

Популарни статии

Subscribe for news
X

One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.