Октомври во ⋮ИВЕЦ

Што се случуваше во октомври во ⋮ИВЕЦ? Уште една група успешно ја заврши Обуката за Front-end React and Angular. Прочитај во прилог што се случуваше во ⋮ИВЕЦ овој октомври!

Front-end React and Angular ја напиша својата успешна приказна!

Реализираната цел на обуката Front-end React and Angular,  да ги научи посетителите на основите за front-end развивање на софтвер  со користење React и Angular, и да ги подготви за решавање на задачи во реалниот свет на програмирањето е исполнета. Во секоја средба беа вклучени  и практични вежби и задачи, преку кои кандидатите имаа можност да го потврдат наученото. Им посакуваме успех на сите кандидати и веруваме дека за скоро ќе се реализираат во полето на front-end дизајн.


Четвртата група на Full-stack академијата за компјутерски науки и развивање софтвер, официјално започна!

Нашите први впечатоци?
Многу позитивна енергија, желба за учење и мотив да се стекнат нови знаења и вештини.
Веруваме дека од тука ќе излезат идните ИТ професионалци.

Оваа академија е само континуитет на успешно завршените обуки во изминатите години, како: „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“, и Обуката „Full stack with Java“, после кои 80% од нашите слушатели се вработија по само 3 месеци од завршувањето на истите.

Нашата цел, е навременото и точно информирање на сите заинтересирани, љубители на ИТ индустријата, но и оние кои се двоумат, да им се претстави една јасна слика што денес ИТ технологијата значи, и кои придобивки можат да ги добијат доколку инвестираат во себе и во своето знаење.



Во тек e Обуката за анализа на податоци!

Нашите кандидати веќе се на патот да ја изградат својата кариера како аналитичари на податоци. Примарна цел на обуката е веќе во тек на реализација, односно запознавање со SQL, една од најпопуларните алатки за анализа на податоци, и успешно манипулирање со податоците кои се генерираат на дневна база.

Податоците имаат суштинско значење за развојот на секој бизнис, но изобилството од податоци е безначајно доколу не знаеме успешно да манипулираме и да извлекуваме заклучоци од нив.




Најголем избор на обуки за деца!

ИВЕЦ оваа есен имаше најголем избор на обуки за деца. Нашата најголема мотивација отсекогаш биле децата чијашто иднина нѐ засегнува сите нас. Поаѓајќи токму од тој факт, креиравме неколку обуки, кои веќе се активни, и во тој контекст им посакуваме на нашите најмлади слушатели успех и веруваме дека со своето стекнато знаење ќе го надминат својот учител.

Популарни статии

X

Со еден клик дознај ги новите курсеви, промоции и попусти.