Септември во ⋮ИВЕЦ

Што се случуваше во септември во ⋮ИВЕЦ? Раце полни работа и ентузијазам, бесплатна обука за JAVA BACK-END, Open hour посветен на Full stack академија за компјутерски науки и развивање софтвер.

ТРИДНЕВНА БЕСПЛАТНА ЈАVA BACK -END ОБУКА!

IWConnect како компанија која секогаш ги поддржувала младите кадри, и овој пат им излезе во пресрет на сите заинтересирани студенти во својата завршна година на студии, и заедно со ИВЕЦ организираше тридневна бесплатна Java back-end обука.

Истата беше организирана со цел студентите да се запознаат со потребните практични знаења за развој на апликации со Java, или поточно со користење на работните рамки Spring и Hibernate,верзионирање и работа во тим со Git и Design Patterns.

Нашиот предавач воедно и управител на ИВЕЦ, Деан Јошевски, во своето несебично и исцрпно излагање, ја презентираше потребата но и користа од современиот начин на програмирање со помош на Java.

Java како најпопуларен и најчесто користен програмски јазик е актуелен повеќе од 25 години. , IWConnect, но и многу други компании во нашата земја, a и во светот, постојано имаат потреба од Java програмери. Со цел создавање на кадри од овој вид, креиравме обука која ќе го даде потребното знаење и квалитет- „Комплетна обука за брз развој на апликации со помош на Јava“, која ќе го даде потребното знаење, кандидатите да започнат кариера во ИТ индустријата.

OPEN HOUR ПОСВЕТЕН НА FULL-STACK AKАДЕМИЈА ЗА КОМПЈУТЕРСКИ НАУКИ И РАЗВИВАЊЕ СОФТВЕР!

Во септември посветивме Open hour на „Full- stack академијата за компјутерски науки и развивање софтвер“. Нашите успешни приказни-нашите студенти, со своето присуство само ја потврдија нашата визија, а тоа е дека Академијата е создадена со цел да ги овозможи сите знаења и вештини, кои како млад технички консултант ќе ти помогнат да дојдеш до твојата прва работа.

Оваа академија е само континуитет на успешно завршените обуки во изминатите години, како: „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“, и „Bootcamp Full stack with Java“, после кои 80% од нашите слушатели се вработија по само 3 месеци од завршувањето на истите.

Нашата цел, е навременото и точно информирање на сите заинтересирани, љубители на ИТ индустријата, но и оние кои се двоумат, да им се претстави една јасна слика што денес ИТ технологијата значи, и кои придобивки можат да ги добијат доколку инвестираат во себе и во своето знаење.

ДВЕ НОВИ ОБУКИ ВО ИВЕЦ!

Ја збогативме нашата програма со уште две нови обуки„Обука за анализа на податоци“ и „Обука за Python“.

Доколку сакате да изградите кариера како аналитичар на податоци, „Обука за анализа на податоци“ е совршен почеток. Ќе стекнете темелно познавање на SQL, една од најпопуларните алатки за анализа на податоци, и успешно ќе манипулирате со податоците кои се генерираат на дневна база.

Обуката за Python од друга страна ви го носи програмскиот јaзик Python, како еден од најкористените програмски јазици од страна на искусните програмери.

Стани и ти дел од нашиот тим и програмирај со технологијата на иднината!

Популарни статии

X

Со еден клик дознај ги новите курсеви, промоции и попусти.