Што работи еден аналитичар на податоци и зошто е еден од најбараните профили на пазарот на труд?

Веројатно сте слушнале за една од најпопуларните професии во последните неколку години, а тоа е аналитичар на податоци. Нaвистина звучи интересно како термин, идејата да се работи со податоци и технологија е навистина забавна, но што всушност работи еден аналитичар на податоци?

Едно е да сакаме да работиме нешто, но сосема е друго да го правиме тоа секој ден. Пред да одлучите да изберете кариера мора да ги знаете сите факти. Во следниот текст ќе ви помогнеме да разберете што точно работи еден аналитичар на податоци во текот на денот. Прочитајте и откријте дали можеби ова е вашиот избор за кариера.

Еден работен ден како аналитичар на податоци изгледа вака:

Ако зборуваме генерално, еден аналитичар на податоци собира и обработува податоци, ги организира и ги користи за да донесе значајни заклучоци. Работата на еден аналитичар на податоци варира во зависност од податоците со кои работи (продажба, социјални медиуми, и тн.) како и проектот на кој работи.

Компаниите во скоро секоја индустрија можат да имаат корист од работата со податоци, од оние кои работат во здравство до оние кои се во индустријата за брза храна. Увидите кои анализата на податоци може да ги обезбеди за компаниите можат да бидат многу моќни и да им помогнат на вработените да ги запознаат крајните потрошувачи и да обезбедат подобра услуга.

Без разлика на индустријата во која работи компанијата, аналитичарите на податоци можат да очекуваат да го поминат своето време во развивање системи и собирање податоци и крајно ги составуваат нивните откритија во извештаи кои можат да помогнат да се подобри работата на компанијата. Аналитичарите можат да бидат вклучени во било кој дел од процесот на анализа. Улогата на аналитичар на податоци е вклучена во скоро цел процес од поставување на системот за аналитика до обезбедување увид базиран на податоците со кои се располага.

Сега кога знаете што генерално работи еден аналитичар на податоци, подготвени сте да навлезете во деталите.

Кои се најчестите одговорности на еден аналитичар на податоци?

Во прилог се некои од најчестите одговорности на еден аналитичар на податоци:

  • Креирање извештаи – пишување на извештај не е само поставување бројки на празна страна и испраќање до менаџерот. Успешен аналитичар на податоци знае како да креира смисла на податоците. За да се креираат вредни извештаи, одговори и анализи, аналитичарот на податоци мора да ги направи разбирливи за да ги разбере дури и оној кој не работи во полето на податоци.
  • Забележување на шеми – Најдобрите аналитичари на податоци ги користат тие податоци за да раскажат приказна. Со цел да се креира значаен извештај, аналитичарот на податоци мора да забележи значајни трендови и шеми кои можат да се искористат за да се направат предлози за клиентите. Давање редовни извештаи како неделни, месечни или квартални е значајно бидејќи можат да се забележат значајни трендови. Ова може да придонесе да се креира временска рамка на истите.
  • Соработка со други – зборот аналитичар може да звучи како некој кој работи засебно од целата компанија, но тоа е многу далеку од вистината. Широкиот спектар на улоги и одговорности на аналитичарот на податоци значи дека тој/таа соработува со целата компанија, вклучувајќи ги маркетинг, менаџмент, продажба итн. Токму затоа способноста за добра комуникација кај аналитичарите на податоци е многу важна.
  • Собирање податоци и поставување на инфраструктура – можеби најтехничкиот аспект од работата на еден аналитичар на податоци е самото собирање на истите. Ова значи работа со развивачите на веб за да се оптимизира собирањето на податоци. Рационализирање на оваа колекција на податоци е клучно за анализата. Затоа се работи на рутини кои можат да се автоматизираат и да се искористат во други области. Аналитичарите на податоци поседуваат специјални алатки и софтвер за да го постигнат тоа.

Зошто аналитичарите на податоци се најбарани на пазарот на труд?

Според последните истражувања на Светскиот Економски Форум, побарувачката за анализа расте секој ден. Според анализите на LinkedIn побарувачката за професионалци кои работат со анализи на податоци пораснала шест пати повеќе во последните пет години, а аналитичарите на податоци ќе продолжат да бидат едни од најбараните. Ова е потврдено и од IBM кој тврди дека годишната побарувачка за аналитичари за податоци ќе води до 700,000 нови вработувања.

Причината за ова е прилично едноставна. Ако размислите за тоа колку ги користиме нашите телефони, електронската пошта, картичките за лојалност, социјални мрежи, пребарувања на Google, количината на податоци кои ги генерираме се зголемуваат секој ден. Оваа огромна количина на информации и податоци мора да биде анализирана. Токму затоа аналитичарите на податоци стануваат едни од најбараните професии на пазарот.

Дали и ти сакаш да ја работиш професијата на иднината? Тогаш пријави се на нашата обука посветена на анализа на податоци, која започнува на 25.10.2021.

Популарни статии

X

Со еден клик дознај ги новите курсеви, промоции и попусти.