Зошто подолгите обуки се подобри доколку започнувате кариера во ИТ?

Живееме во време кога сакаме се да ни е достапно со еден клик, со еден повик да добиеме информација, да дознаеме она што го сакаме веднаш, да научиме нешто што побрзо… Динамичното време го претвори човекот во битие кое сака да добива се брзо и лесно. Но на долг рок дали е тоа е навистина одржливо? 

Навистина генерацијата “Millennials”  ќе очекува што побрзо да добие што повеќе информации, но сепак постојат работи кои не можат да се направат баш толку брзо. Посебно кога станува збор за учење или совладување на нови вештини. Не залудно факултетите се најмалку четири години, а образовниот процес формално вкупно трае повеќе од 18 години, а неформално цел живот. 😊

За жал се повеќе почетници посебно во програмирање мислат дека можат да посетат курс од три месеци и да станат програмери. Но тоа многу пати не е возможно. Со добра основа навистина некогаш е потребно пократко време да се започне кариера во ИТ но сепак ако сте апсолутен почетник тоа е невозможно. Секако постојат и области кои можат да се совладаат полесно и со пократки курсеви, но не секогаш. Нашето долгогодишно искуство како едукативен центар во ИТ ни покажа дека почетниците најдобро учат од подолгите курсеви.

Постојат повеќе причини за тоа, а најважните пет се следните:

  • Подолгите курсеви помагаат да се совладаат основите на ИТ полесно – колку е подолг курсот толку повеќе време се посветува на одредени теми, што им дава на учесниците доволно време да ги совладаат истите
  • Подолгите курсеви ти помагаат да имаш фокус – времетраењето на курсот и честота на средбите помага да го задржиш фокусот и да работиш повеќе
  • Подолгите курсеви даваат повеќе време да дознаеш што е она што не ти е доволно јасно – колку е подолг курсот толку повеќе се соочуваш со проблематиката, а тоа ти дава можност да дознаеш каде си послаб и да ги совладаш тие слабости навремено.
  • Подолгите курсеви ти помагаат да стекнеш самодоверба- колку повеќе време поминуваш во проучување на една иста проблематика толку поголема станува твојата  самодоверба поради знаењето кое го добиваш секој ден
  • Подолгите курсеви создаваат работна навика – колку е подолг курсот толку повеќе се навикнуваш на таа рутина, која пак во иднина ќе ти помогне полесно да се прилагодиш во било која работна средина.

На крајот на денот програмирањето е професија која бара постојано учење, но со солидна основа се е полесно. Доколку размислувате за кариера во ИТ, а сте почетник не се двоумете и бидете дел од нашата едногодишна Full-stack академија за компјутерски науки и развивање софтвер, каде ќе ги стекнете сите потребни предзнаења за да започнете кариера во ИТ.

Популарни статии

X

Со еден клик дознај ги новите курсеви, промоции и попусти.