Зошто да изградите кариера како Full Stack Developer?

Full Stack програмерите се професионалци кои имаат сеопфатни познавања и вештини и се добри во мултитаскинг. Тие се лица кои работат и на Front End и Back End делот од развојот на еден софтвер.

Со оглед на фактот дека побарувачката на Full Stack Developers е во пораст и компаниите сè повеќе се во потрага по Full Stack програмери кои имаат познавања од HTML и PHP, ви даваме неколку причини зошто оваа професија е најдобриот избор за вас.

Висока побарувачка и кариерен раст

Компаниите секогаш гледаат да ги оптимизираат своите трoшоци за ресурси. Пради тоа, тие секогаш се трудат да ангажираат професионалци кои имаат повеќе познавања и кои можат да превземат целосно водство на одреден проект, па затоа и 2021 година се смета за најдобро време за градење на кариера како Full Stack програмер. И секако мултиталентирани професионалци кои можат да бидат во чекор со пазарот и да извршуваат повеќе од една улога, се секогаш таргет на компаниите кои се во постојана потрага на таленти.

Шанса да стекнете различен сет на вештини

Како Full Stack програмер, мора да имате и технички и меки вештини.  Вие ќе бидете одговорни и за Front End и Back End делот од еден софтвер, па поради тоа ќе имате потреба од познавања за back-end кодирање, бази на податоци и програмски јазици како Java, Python, Ruby, PHP и Node JS.  Заедно со овие, ќе добиете можност да ја изградите својата експертиза во многу други технологии што ќе ви дадат разновиден сет на вештини и силно работно портфолио.

Одлична плата

Како Full Stack Developer, ќе бидете едни од најплатените професионалци. Тие добиваат поголема плата бидејќи ги намалуваат оперативните трошоци за компанијата. Тие можат сами да ја извршуваат работата на 2 или 3 просечни програмери, што секако е корист за компанијата. Како што се зголемува побарувачката за квалификувани Full Stack Developers, компаниите се подготвени да платат одлично на оние кои имаат соодветни вештини и разновидно знаење од оваа област. 

Креативна флексибилност

Како резултат на тоа дека имате знаење за повеќе аспекти, можете да работите со поголема флексибилност. Тоа ви овозможува да имате поголема контрола врз производот што го развивате.  И без разлика дали сте технички човек кој сака PHP или креативец кој сака CSS, како Full Stack програмер ќе имате познавања и од двете.

Доколку сте заинтереситани за да научите повеќе за Fill Stack разгледајте ја нашата Full-stack академија за компјутерски науки и развивање софтвер, која опфаќа и бесплатна обука посветена на меките вештини, а доколку сакате дополнителни детали закажете состанок со нашиот тим уште денес!

Популарни статии

X

Со еден клик дознај ги новите курсеви, промоции и попусти.