course-image
  • 39.800 ден. со вклучен ДДВ

  • Почеток на курсот
    21.09.2020
  • Времетраење на курсот

    4 месеци

  • Динамика на оддржување

    2 средби седмично

  • Останати места

    0

Data Management со Python

Дали сакаш да работиш во една од најактуелните професии? Дали работата со податоци ти е омилен дел при развивање на софтвер? Дали сакаш да стекнеш познавања поврзани со Data Science и Python како најсоодветен јазик? Дали сакаш да се запознаеш со релациони и нерелациони бази, воедно и со дизајнирање и работа на складиште на податоци (Data Warehouse) и да ја откриеш моќта на податоците?
Овој курс е идеален за тебе. До крајот на обуката ќе добиеш познавања од релациони и нерелациони бази на податоци и како се користат практично, како се сместуваат и организираат податоците во различни структури.
Ќе добиеш одлични предзнаења за алгортимите кои се користат во делот на Data Science и нивна практична примена со користење на Python.
Подготвени сме да те воведиме низ патот на твојата нова кариера која моментално е една од најбараните во светот.
Стани дел од најбарани професионалци за менаџирање на податоци во светот, а и кај нас.

Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:

  • Релациони бази на податоци

  • Дизајн на релациона база на податоци

  • PostgreSQL

  • SQL (Structured query language)

  • Python

  • Подготовка (Предпроцесирање) на податоци

  • Анализи на податоци и визуелизација

  • Нерелациони бази на податоци

  • Neo4J

  • Cypher language

  • Складиште на податоци (Data warehouse)

  • Дизајн на складиште на податоци

  • Процес на полнење на слкладиштето со податоци

  • Дефинирање на ETL со користење на SSIS

Програма
Релациони бази на податоци
PostgreSQL
SQL (Structured query language)
Основи на Python
Подготовка (Предпроцесирање) на податоци во Python
Анализи на податоци и визуелизација во Python
Нерелациони бази на податоци
Neo4J
Cypher language
Складиште на податоци (Data warehouse)
Дизајн на складиште на податоци
Процес на полнење на складиштето со податоци
Дефинирање на ETL со користење на SSIS
Начин на плаќање

Начинот на плаќање може да биде на уплатница во готово или на две месечни рати.

 

Потребни предзнаења

Обуката е наменета за почетници и затоа пред почетокот не се бараат предзнаења.

Предавач
lecturer-image
Цветанка Ефтимоска

Софтверски инженер со повеќегодишно искуство и експерт за менаџирање на податоци. Поседува широк спектар на технички компетенции, вклучувајќи работа со секаков тип на податоци како на пример "големи податоци" (Big Data), машинско учење, бази на податоци (релациони и нерелациони), дизајн и работа со складишта на податоци (Data Warehouses) и ETL процеси, програмски јазици Python, R, SQL. Сертифициран Neo4J професионалец. Предавач на курсот “Data management with Python”.

Контактирај го предавачот