course-image
  • 17.558 ден. со вклучен ДДВ

  • Почеток на курсот
    16.09.2020
  • Времетраење на курсот

    3 месеци

  • Динамика на оддржување

    2 средби седмично

  • Останати места

    6

Front end со React и Redux

Сакате да научите да развивате апликации? Дали сакате да го изградите следниот Facebook?

Програмските јазици се фундаментални блокови кои се користат за градење модерни апликации. Повеќето апликации денес се состојат од два основни делови таканaречени frontend и backend.

Основна цел на курсот е да ги научи посетителите на основите за frontend развивање на софтвер со користење React и Redux, и да ги подготви за решавање на задачи во реалниот свет на програмирањето.
Курсот ќе ги воведе посетителите во основите на Frontend развој. Со помош на React и Redux, посетителите ќе бидат способни да градат моќни и интрактивни Frontend апликации.

Секоја средба ќе вклучува вежби и практични задачи како дел од процесот на учење. Исто така во текот на курсот студентите ќе работат во мали групи на проекти за градење апликации со цел да стекнат уште подлабоки практични знаења.

Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:

  • Знаење со кое ќе можат да изградат апликации од една страна со помош на React JS и Redux

  • Ќе ја сфатат моќта на градењето компоненти

  • Неопходни концепти кои стојат позади Redux апликациите

Програма
Frontend development, NPM
React
React Hooks
Redux
Начин на плаќање

Начинот на плаќање може да биде на уплатница во готово или на две месечни рати.

 

 

Потребни предзнаења

За следење на курсот потребни се предзнаења за HTML, CSS, и JavaScript (ES6 функции).

Предавач
lecturer-image
Александар Стојаноски

Работи на развој на современи и комплексни апликации користејќи ги React, Javascript и Node.js технологиите и најдобрите практики. Предавач на курсот “Front end со React и Redux”.

Контактирај го предавачот