course-image
  • 19.995 ден. + ДДВ

  • Почеток на курсот
    Наскоро
  • Времетраење на курсот

    3 месеци(72h)

  • Динамика на оддржување

    3 средби седмично по 2 часа

  • Останати места

    0

Подготвителен курс за развој на софтвер

Овој курс е дизајниран, на брз и лесен начин да одговори на прашањето: „Што всушност е потребно за развивање, интегрирање или тестирање современи апликации?“

Предавањата и вежбите ги сервираат неопходните знаења за објектно ориентирано и функционално програмирање, релациони бази на податоци и користење веб сервиси. Доколку сакате да започнете успешна кариера како програмер, интегратор, или тестер, но сте се прашувале како најлесно и најбрзо да ги совладате потребните основи, ова е курсот наменет за Вас.

За основа на овој курс, избран е програмскиот јазик Java, затоа што е многу лесен за совладување и креирање веб сервиси и апликации. Најсовремените алатки за интегрирање SnapLogic, ТIBCO и MuleSoft се креирани со помош на Java, па кога треба да се креираат додатоци за овие, но и за многу други алатки, тоа повторно се прави со овој програмски јазик. Исто така, за да креираат автоматизирани тестови, на пример во алатката Selenium, тестерите повторно го користат јазикот Java.
До крајот од обуката, ќе знаете да програмирате, да дизајнирате и користите релациони бази на податоци и да креирате едноставни веб апликации, базирани на веб сервиси.

Уверение

После секој завршен курс се издаваат уверенија и тоа според неколку критериуми: на основа на завршен тест, присуство активност, решени задачи и сл.

Кандидатите со успех од над 70% се здобиваат со уверение за “Успешно завршен курс”, додека сите останати добиваат уверение за “Посетуван курс”.

Што ќе научите

По успешно совладување на теоретските основи, преку практични примери и вежби, ќе имате можност да се стекнете со следните знаења и вештини:

  • основите на современите начини на програмирање (објектно ориентирано и функционално програмирање), со помош на Java

  • алатката за развој на апликации – Eclipse

  • релациони бази на податоци со помош на PostgreSQL и пристапување до нив преку JDBC

  • претставување податоци во XML и JSON формати

  • основите на мрежните протоколи, IP адресирање и HTTP

  • користење RESTful веб сервиси и алатките Postman и curl

  • основите на веб дизајн: HTML, CSS, JavaScript и AJAX

  • вокабулар од областа на програмирањето и развојот на софтвер

Програма
  • Byte Code, JRE, JDK, Eclipse

  • OOP Basics (Class, Field, Method, Instance, Method Invocation, Encapsulation, Class Members)

  • Primitives; Arrays; Matrix; Wrapper Classes

  • Program Flow Control

  • Exception Handling, Streams (work with files)

  • The class Object (equals(), hashCode(), toString())

  • Inheritance, Abstract Classes, Interfaces, Polymorphism

  • Generics

  • Collection Framework (Set, List, Map)

  • FP Basics (Lambda Expressions, Stream API – filter, map, collect)

  • JDBC

  • Server; Client Apps; Connection; Table Definition

  • DDL (CREATE, ALTER, DROP)

  • DML (INSERT INTO, UPDATE, DELETE)

  • DQL (SELECT)

  • The Predicate WHERE (LIKE, IN)

  • Data Aggregation (GROUP BY, HAVING)

  • Normalization

  • Relation Integrity Check

  • Transactions

  • Indexes

  • Table JOINs

  • XML, JSON

  • IP адресирање

  • HTTP (methods, headers, statuses, query parameters)

  • Користење RESTful WS (online и SpringBoot преддефинирани примери)

  • Postman, curl

  • HTML (structure, basic tags, forms)

  • CSS (basic styles, selectors)

  • JavaScript (AJAX)

Вежби и довршување мини проект
Начин на плаќање

Начинот на плаќање може да биде во готово или на 3 еднакви месечни рати. Плаќањето се извршува преку уплатница. За плаќање во готово, одобруваме 10% попуст.

На крајот од обуката организираме тестирање, а за најуспешните кандидати, кои ќе постигнат најмалку 70% успех, одобруваме 20% попуст, за следно посетување на „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“, или некој од специјализираните курсеви, што може да води до вработување.

Потребни предзнаења

Овој курс е наменет за почетници и за негово следење не се потребни предзнаења, освен за основно користење персонални компјутери.

Предавачи
lecturer-image
Гоце Белџигеровски

Искусен експерт за повеќе актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки. Предавач на „Подготвителен курс за програмери, интегратори и тестери".

Контактирај го предавачот

lecturer-image
Деан Јошевски

Во светот на компјутерската технологија навлегол уште во детството. За време на студиите е ангажиран како демонстратор по неколку предмети, со што го стекнува првото искуство како предавач.

Контактирај го предавачот