course-image
  • 17.558 ден. со вклучен ДДВ

  • Почеток на курсот
    28.09.2020
  • Времетраење на курсот

    2 месеци

  • Динамика на оддржување

    3 средби седмично x 2h.

  • Останати места

    14

Подготвителен курс за програмери, интегратори и тестери

Сакаш да започнеш кариера како програмер, тестер или интегратор но не знаеш како? Се гледаш како дел од ИТ индустријата но ги немаш потребните предзнаења? Како најлесно и најбрзо да дојдеш до основите потребни за да станеш успешен тестер, програмер или интегратор?
Подготвителниот курс за програмери, интегратори и тестери е наменет токму за тебе. До крајот од обуката, ќе знаеш да програмираш, да дизајнираш и користиш релациони бази на податоци, како и веб апликации базирани на веб сервиси.
По успешно завршување на овој курс ќе бидеш подготвен твоето усовршување да го реализираш преку некој од специјализираните курсеви за интеграции или тестирање, кои ги нудиме и кои може да водат до твое вработување.

Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:

  • објектно ориентирано програмирање

  • алатката Eclipse за развој на апликации со помош на Java

  • релациони бази на податоци и пристапување преку JDBC

  • структурите на податоци XML и JSON

  • основите на XHTML, CSS и AJAX

  • користење SOAP и RESTful веб сервиси

  • вокабулар од областа на програмирањето, интегрирањето и тестирањето

Програма
OOP и FP со помош на Java
RDBMS (PostgreSQL);
Web Development (Web Services);
Начин на плаќање

Начинот на плаќање може да биде на уплатница во готово или на две месечни рати.

 

 

Потребни предзнаења

За следење на овој курс, не се потребни предзнаења.

Предавачи
lecturer-image
Гоце Белџигеровски

Искусен експерт за повеќе актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки. Предавач на „Подготвителен курс за програмери, интегратори и тестери".

Контактирај го предавачот