Започни кариера во ИТ индустријата
3 месеци(48h)
2 средби седмично по 2 часа
13
Поврзувањето на разнородни системи во еден ти звучи интересно? Сакаш да интегрираш податоци од различни извори и околини со различни големини, но не знаеш како? Сакаш да работиш на платформа која ја користат Adobe, Verizon, AstraZeneca и многу други светски познати компании?
Биди дел од првиот курс во нашата земја за SnapLogic и добиј уникатна можност да ги совладаш процесите на интеграција брзо и лесно, и да започнеш со интегрирање.
Биди дел од малиот број на професионалци кои имаат практични познавања од оваа област и почни да ја градиш својата иднина во светот на интеграциите. Дополнително, курсот ќе ти даде основа за совладување на која било друга алатка од ваков вид (TIBCO, MuleSoft).
Уверение
После секој завршен курс се издаваат уверенија и тоа според неколку критериуми: на основа на завршен тест, присуство активност, решени задачи и сл.
Кандидатите со успех од над 70% се здобиваат со уверение за “Успешно завршен курс”, додека сите останати добиваат уверение за “Посетуван курс”.
По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:
знаење за интеграција;
искуство со интеграциската алатка SnapLogic;
знаење за основни и напредни структури на податоци (XML и ЈSON);
вештини за употреба на SOAP и REST-сервисите во SnapLogic;
способност да развијат RESTful веб-сервиси во SnapLogic;
способност за употреба на алатки за верзионирање Git со SnapLogic;
зголемен фонд на зборови со корисни конструкции за програмирање;
способност за конфигурација на Snaplex;
знаење за употреба на Apache Velocity во SnapLogic;
знаење за употреба на JavaScript во SnapLogic;
напредно знаење за SCD.
Начинот на плаќање може да биде на уплатница во готово или на две месечни рати. За плаќање во готово, одобруваме 10% попуст.
За посетување на овој курс потребни се предзнаења од областа на WebServices - REST/SOAP, податочни структури XML/JSON, основни концепти на објектно програмирање, SQL (DDL, Stored Procedures, Join).
Експерт во областа на системска интеграција, со посебен акцент на користење на платформата SnapLogic.
Контактирај го предавачот
Експерт во областа на системска интеграција, со посебен акцент на користење на платформата SnapLogic.
Контактирај го предавачот