Со напредокот на технологијата низ годините, живееме во свет кој е збогатен, а истовремено и  оптоварен со компјутери и технички помагала. Доминацијата на технологијата во нашите секојдневни животи ја потенцира важноста на дигиталната писменост, и тоа не само за возрасните туку и за децата. Дигиталниот свет нуди огромни бенефити и предности за сите, но без соодветно користење и разбирање на технологијата, дигиталниот свет може да биде заморен, а дури и опасен.

Сите знаеме што значи терминот писменост, тоа е способност да читаме и пишуваме. Но, во денешниот дигитален свет, да се биде писмен не е доволно. Многу е важно децата и дитално да се описменат.  Тие мора да ја разберат технологијата за да можат да ја користат безбедно и ефективно. Дигиталната писменост не е само играње компјутерски игри, сликање селфи или постирање на Facebook, таа подразбира разбирање на технологијата и нејзино правилно користење.

Примери за дигитална писменост

Дигиталната писменост може да биде површна или темелна. Во наједноставни зборови, дигитална писменост се однесува на способност да навигираш на веб страна, да испратиш електронска пошта или да користиш социјални медиуми и слично. Исто така се однесува на подлабоко разбирање на технологијата која не опкружува. Терминот дигитална писменост може да се однесува и на практични софтверски способности како на пример пишување блог, кодирање на страна или апликација.

Дигитална писменост не е само проверување на Instagram или TikTok.

Бенефити од дигитална писменост за деца

Децата се во голема предност кога станува збор за разбирање на дигиталната писменост. Во свет каде сите сме толку поврзани, децата учат дигитални вештини уште од мали нозе. Многу од овие технички вештини се есенцијални во училница и на работа. Децата ќе имаат потреба од некаква форма на дигитала писменост без разлика на индустријата во која ќе одлучат да започнат кариера.

Повеќето училишта и факултети во денешно време секако задаваат проекти и задачи кои треба да се испратат онлајн, а последната ситуација со пандемијата наложи дури и часовите да се одвиваат оналјн. Според тоа децата се очекува да имаат основни дигитални вештини како пишување на документ, пребарување по Интернет или испраќање на електронска пошта и секако користење на Интернетот безбедно.

Денес, повеќе од кога било дигиталната писменост е императив. Децата кои користат социјални медиуми мора да знаат како тоа функционира, кој може да го гледа она што го постираат и каков дигитален белег оставаат.

Како да поттикнете дигитална писменост дома или во училница?

Зборување за тоа што значи дигиталната писменост и зошто е толку значајна ќе им даде на децата едноставно разбирање на дигиталниот свет. Можеме да почнеме да зборуваме за тоа како работите се одвивале во минатото, а каде оди иднината. Живееме во дигитален свет и способноста да навигираме со технологија е неизоставен дел од истиот. Може да ги прашате децата како ја користат технологијата во училиште или за да научат нешто. Прашајте ги да дадат примери за тоа како учат со помош на технологијата. Дали е тоа со посебни апликации, онлајн тетратки, YouTube туториали, Udemy курсеви и т.н., со чија помош учат да ја користат технологијата во нивна корист.

Секако тука е подеднакво важно децата да знаат дека технологијата не го заменува учењето, туку го надополнува.

Поттикнете користење на дигитални производи кога се обидувате да ги надополните дигиталните вештини на децата. Иако можеби многу наставници имаат отпор кон користење на технологија во училница, сепак прифаќање на технологијата со фокус на одговорно користење, резултира во многу поодговорно користење на технологијата.

Дајте им шанса на децата да учат онлајн

Организирајте час каде децата треба да користат дигитални продукти со што ќе им помогнете да се охрабри нивното дигитално размислување. Организирање на онлајн учењето кое го наметна пандемијата е огромен чекор во унапредување на дигиталната писменост кај сите, вклучително и децата.

Запишете ги на курс посветен на развивање софтвер

Развивање на логичкото размислување и поттикнување на креативноста кај децата е подобро да се започне што порано. Не случајно децата ги запишуваме на најразлични активности уште од мали. Еден од најуспешните начини да се формира дигиталната писменост кај децата е секако курс посветен токму на тоа. Токму тоа совладување на концепти поврзани со програмирање во раните години, им помага на децата многу лесно да ги совладаат предметите на факултет и полесно да изградат кариера во ИТ.

За крај, живееме во дигитален свет и децата мора да имаат стекнато дигитални вештини ако сакаат да изградат успешна кариера. Уште подобро ако имаат желба да го креираат тој дигитален свет и да бидат одговорни за креирање на дигиталната трансформација на многу компании, не чекајте дајте им шанса да чекорат во светот на ИТ уште од мали нозе. Бидете дел од курсеви креирани специјално за најмладите кои ќе им помогнат лесно и едноставно да станат дигитално писмени и секако да креираат дигитални иновации и самите понатаму.