Секојдневно посетуваме и пребаруваме низ многу веб страни. Секоја посетена веб страна нè носи низ уникатно искуство по кое ја паметиме. Нашето искуство со страната може да биде лошо или добро. Сé што гледаме на една страна едноставно се нарекува Front-end (предна страна), и како што и самиот збор кажува, тоа е она што е пред нас, односно што го гледамe на самата страна. Но, немаат само веб страните потреба од front-end. Живееме во едно модерно и многу динамично време кога сакаме сé да ни е достапнo со еден клик, по можност на нашиот мобилен телефон. Сите тие апликации што ги користиме секојдневно имаат потреба од front-end дизјан. Покрај она што го ледаме, front-end e задолжен и за она што корисникот го дава како информација до апликациите, а тоа се формите, како поле за внесување, радио тастер и слично.

Но, ајде да преминеме на главното зошто front-end е толку значаен за секоја веб страна и апликација?

За да одговориме на ова прашање мораме да кажеме дека front-end e првата работа со која корисникот се среќава, односно со која го стекнува првиот впечаток.  А добро знаеме дека немаме втора шанса за прв впечаток. Затоа сите компании обрнуваат внимание на тој прв впечаток кој го остава веб страната, односно нивното огледало за бизнисот. Со цел да се задржи вниманието на корисниците мора да им се покаже дека тие можат да ни веруваат со добар и визуелно привлечен изглед. Можеме да ја имаме најдобрата содржина на светот или најдобриот производ или идеја, но ако не ја поддржиме со добар front-end дизајн можеме да изгубиме многу посети или корисници.

За да можете подобро да разберете што е front-end дизајн и зошто е толку значаен истиот, замислите го како една торта. Тортата е изградена од 3 слоеви. Првиот е HTML. HTML-от ја дава структурата на веб страната. На некој начин како коските на човековото тело. Тие се толку многу значајни затоа што ги поддржуваат мускулите и кожата.

Вториот слој претставува CSS. CSS ги истакнува визуелните аспекти на веб страната. Со помош на овај слој можеме да ги дефинираме позициите на елементите, боите кои ќе ги користиме, сликите, со други зборови сé она што ја прави страната визуелно привлечна за посетителите.

Третиот слој е JS или слојот JavaScript. Секогаш велиме дека овај слој го дефинира однесувањето на една веб страна. Секоја страна треба да има динамична содржина (содржина која се прикажува од датабаза, која е променета поради некој настан, и т. н.) која е овозможено од овај слој. HTML и CSS може да креираат едноставна веб страна без многу динамичка интеракција.

Сега кога ги знаеме сите три слоеви на тортата. Секој добар front-end девелопер треба да умее да го направи искуството со веб страната што поедноставно и попријатно.

Ајде да разгледаме низ пример колку е значаен front-end дизајнот.  

Да речеме дека треба да направиме страна за компанија на која треба да прикажеме што тие произведуваат.

Страната треба да ги содржи истите бои и логото. Што ни треба?

  • Треба да имаме интиутивна содржина која ќе го води корисникот полесно низ визуелниот дел на страната
  • Исто така мораме да ги оптимизираме сите слики за страната да може да работи побрзо со цел да го задржи корисниот на истата
  • Мораме да креираме место на страната за контакт преку кој корисниците можат да ја контактираат компанијата
  • Ако страната има поблеми/грешки или не ја покажува содржината правилно, корисникот може да се изгуби. На ова мора да се внимава.

Ова е само дел од задачите кои треба да ги исполни еден front-end дизајнер. Звучи интересно нели?

Дали сакаш да креираш фантастична веб страна? Биди дел од курсот посветен на веб дизајн, и започни со креирање на незаборавни дизајни за кои корисниците ќе зборуваат долго.