Мај месец го посветивме на нашиот предавач на комплетниот курс за интегратори со SnapLogic – Јован Јовановски. Решивме да му поставиме пет прашања кои ќе ти помогнат да го запознаеш уште подобро.

Јован е SnapLogic девелопер, предавач во Интерворкс Едукативен Центар и технички консултант во Интерворкс. Има 5 години искуство во ИТ индустријата, 2 години искуство како предавач и бил ментор на повеќе од 5 консултатни во компанијата каде работи.

1.Кој е Јован?

Јован е дипломиран инженер по Информатички Науки и Комуникациско Инженерство. Работам во полето на интеграција, поточно на Snaplogic платформата. Истовремено сум и предавач во Интерворкс Едукативниот Центар на комплетниот курс за интегратори со SnapLogic.

2.Ако треба да објасниш што е интеграција на пет годишно дете како ќе го направиш тоа?

Со едноставен пример за велосипед. За да се состави еден велосипед има многу различни делови како: педали, волан, тркала и др. Сите тие делови треба да се поврзани на некој начин за да може велосипедот да функционира. За таа цел има рамка на која што може да се спојат сите тие различни делови. Односно може да се каже дека процесот на спојување на различните елементи е всушност интеграција.

3. Зошто ја избра токму интеграцијата како поле во кое одлучи да се усовршуваш?

Во текот на моето студирање се запознав со интеграција. Одлучив да продолжам во таа насока од повеќе причини, нуди неверојатни функционалности за работа со најразлични системи, најчесто се користи кај клиенти со звучни имиња и дозволува цели работни процесии на системите да се гледаат од повисоко ниво.

4. Како го поминуваш периодот на физичко дистанцирање? Дали можеби пронајде некое нови хоби или проучи некоја нова технологија?

Периодот на физичко дистанцирање го поминувам претежно дома во истражување на нови технологии и усовршување на веќе постоечките. За среќа работам во ИТ и влијанието на пандемијата е минимално, така што работните обврски не стивнаа ни за момент. Ново хоби не успеав да најдам но го интензивирав старото, односно пешачење во природа.

5. За крај што би им порачал на сите што размислуваат да започнат кариера во светот на интеграциите?

Интеграцијата како тема што не е многу присутна во нашето образование, но тоа не те спречува да бидеш и ти дел од неа. Со основањето на Интерворкс Едукативниот Центар добиваш можност да слушнете и научиш за интеграција од сертифицирани професионалци. Не пропуштај шанса да изградиш кариера во една од најплатените области од ИТ- интеграцијата.