Марија Тимовска уште од мала имаше голема желба за цртање. Водена од таа желба одлучи да се запише на графички дизјан и се упати на ФИКТ, за на крај да заврши на смер поврзан со програмирање. Потоа се обиде со историја на уметност во Скопје, па со гејмерство за на крај да се врати повторно во делот на програмирање.

Марија беше дел од Академијата за компјутерски науки и развивање софтвер и иако првиот пат не го положи завршниот тест, со неколку месеци интензивно учење таа стигна до нејзината прва работа во ИТ, односно во InterWorks.

Решивме да ја прашаме Марија како Академијата и помогна да стане дел од оваа успешна компанија, a доколку сакаш и ти да бидеш нашата следна успешна приказна искористи го ваучерот за дигитални вештини и аплицирај тука, уште денес.

Марија како дојде до идеја да се запишеш на Академијата за компјутерски науки и развивање на софтвер?

Научив за Академијата, од мои пријатели кои ми ја препорачаа.. Одлучив да се приклучам и да стекнам знаења за ИТ. За жал на завршниот тест од Академијата паднав. Вербата на предавачот и на центарот во мене ми даде мотив да докажам дека навистина  можам и умеам да постигнам повеќе. Не се откажав и после месеци труд и напорна работа го постигнав тоа што го сакав, односно се вработив.

Што ти остави најголем впечаток на Академијата?

Искрено не можам да издвојам нешто особено зошто одговорот е сé. Да започнам од изборот на темите/материјалите и до самото предавање на истите. Станавме компактна група и се помагавме и да се дружевме и надвор од Академијата и тоа сеуште продолжува. Едноставно беше многу убаво искуство и доживување од кое научив повеќе отколку самите материјали поврзани со ИТ.

Што ти беше најголем предизвик за време на Академијата?

Од самиот почеток знаев дека ќе треба да жртвувам време кое порано залудно го трошев и бев ментално подготвена секојдневно да учам, премногу се посветив затоа што знаев дека тоа ќе биде нешто привремено. Сé што вреди не се добива лесно, и да курсот беше тежок за почетник како мене кој што немаше никакво предзнаење, но иако ми беше тешко, сепак беше забавно и ми беше интересно да учам.

Дали сметаш дека Академијата беше клучен фактор за твојата прва работа?

Да и не. Да затоа што премногу ми помогна и ми даде една голема основа да знам од каде да почнам, но иако го имав тоа, да немав желба и упорност да продолжам да работам на своите знаења и после завршувањето немаше да успеам.

Според тебе кој сé може да биде дел од оваа Академија?

Би се надоврзала на едно од претходните прашања. Секој кој има желба да учи и сака да биде константно предизвикуван од нови задачи, тој ќе успее. Според мене на секој кој има интерес и желба за учење и работа, оваа Академија ќе му даде шанса да успее.

За крај што би им препорачала на сите оние кои размислуваат за кариера во ИТ?

На сите кои се во план за започнат со некој курс или академија, едноставно би им препорачала да се подготват за тоа дека ќе треба да учат повеќе отколку што мислеле, тоа ми беше мене грешката кога започнав. Како што веќе реков и претходно треба да се посвети многу внимание, но доколку се пронајди љубовта кон оваа професија, целата подготовка ќе биде една забавна авантура, барем мене тоа ми беше и сеуште ми е двигател. Иако работам, сеуште учам и се предизвикувам и решавам проблеми на дневна основа.

Ако си подготвен за твојата ИТ трансформација и сакаш да започнеш кариера во програмирање, не чекај сега е вистинскиот момент за тоа. Искористи го ваучерот и пријави се уште денес, за да создадеме уште една успешна приказна заедно!