Една од најважните одлуки во животот е изборот на образование односно на кариера. Уште од мали едно од првите прашања што не прашувале било: Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Но за жал одговорот не е секогаш едноставен. За среќа Никола уште од средно училиште знаеше дека сака да работи во светот на програмирање.

Од Охрид дојде во Битола да студира на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии, но сакаше да постигне уште повеќе. Потрагата по знаење го донесе до Академијата за компјутерски науки и развивање софтвер на Интерворкс Едукативен Центар.

Што те натера покрај твоите редовни студии да се запишеш на Академијата за компјутерски науки и развивање софтвер?

Kако студент на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии после неколку години студирање сфатив дека добивам премногу теоретско знаење, но не доволно практични примери. Токму поради тоа решив да се запишам на Академијата за компјутерски науки и развивање на софтвер. Односно со една главна цел, моето теоретско знаење да го надополнам со практично искуство.

Зошто го избра Интерворкс Едукативен Центар како твој едукациски партнер?

Одлуката за Интерворкс Едукативен Центар беше лесна. Тоа е центар кој нуди богата едукативна програма и ги следи најсовремените светски трендови и секако зад него стои компанија која на пазарот е присутна повеќе од 15 години.

Што е најдоброто нешто што го научи на Академијата?

Најдоброто нешто што го добив од Академијата беше сигурноста. Само после првите неколку часа бев посигурен во себе и во моите знаења. Кога и да се соочев со проблем менторите ме мотивираа да продолжам понатаму, а тоа ми помогна да ги совладам сите матријали полесно. Секако и практичниот дел од цело тоа искуство имаше огромно влијание, а како што кажав тоа беше и главната причина што одлучив да бидам дел од неформалното образование.

После Академијата започна да работиш во Гецко, како ти се допаѓа твојата прва работа?

После завршувањето на Академијата по кратко време се вработив како програмер во Гецко и ја добив работата што ја посакував. Морам да признаам дека се чувствувам одлично. Навистина е прекрасно кога трудот што си го вложил ќе вроди со плод, и секако можеби и најважно сите знаења кои ги стекнав ќе имам шанса да ги применам практично.

Што е она што го доби на Академијата, а сметаш дека немаше да го добиеш на друго место?

Покрај одлично поминатото време на Академијата поминато во изучување на најсовремените материјали и многу добро објасната теоретска и практична содржина стекнав вистинско пaртнерство со Интерворкс Едукативен Центар.

Поддршката која ми ја даде Центарот ме донесе до интервју во Гецко. Taму го искористив стекнатото знаење и ја добив мојата прва работа.

Најважно е тоа што во рок од само 3 месеци научив премногу работи од ИТ сферата кои на крај ми го исполнија сонот да работам како програмер.

За крај што би им порачал на сите кои размислуваат за кариера во ИТ?

За крај би им препорачал на сите кои што сакаат да се запишат на Академијата да не се двоумат премногу без разлика на нивното претходно образование и нивната возраст, со желба за учење и помошта од страна на одличните предавачи во Интерворкс Едукативен Центар сé возможно.

Aко сакаш и ти да започнеш кариера во ИТ, сега е вистинскиот момент за тоа. Аплицирај за ваучер за дигитални вештини и дојди до твојата прва работа по најповолни цени досега. Уписите за Академијата се во тек.