Марија Димитровска е нашиот предавач на курсевите Современи методи на менаџирање и од неодaмна таа го креира и бесплатниот онлајн курс – Основи на Scrum методологија. Решивме да ја прашаме како го поминува периодот на физичко дистанцирање.

Марија како изгледа еден твој ден кога се практикува физичко дистанцирање?

Со оглед на тоа што сум мајка на две деца. Секој ден за мене е успешен, доколку успеам да ги завршам моите работни обврски. Важно ми е и да успеам со моето прваче да напишам домашна задача, а од друга страна да му обрнам внимание и на поголемиот син.

Потребно е многу енергија, но сепак секој ден е нова авантура особено со моменталниот тим со кој работам.

Како ти оди работата од дома?

Имам поддршка од целото семејство и знаеме кој има приоритет во текот на денот. Не е лесно но се менаџира 😊

Како успеваш да останеш продуктивна дали имаш некоја дневна рутина?

Со семејство се трудиме во текот на денот да имаме спортски или друштвени активности. Секоја насмевка плус е енергија што не пресушува. Одржување на фамилијарни рутини и плус практикување на спорт е одличен начин да помине времето побрзо и на позабавен начин.

Дали во ова време додека си дома научи нешто ново? Што е тоа?

Да, можам да кажам дека дополнителното времето кое го имам го искористив доста продуктивно. Така, во овај период обрнав поголемо внимание на сé она што значи Atlassian, вклучувајќи Atlassian акредитации и применување на Atlassian алатки.

Како се одвиваше курсот Современи методи на менаџирање во виртуелната училница?

Ситуацијата со Корона некако се случи доста брзо и можам да речам донекаде и не очекувавме да достигне вакви размери. Но што е тука е, мора да се прилагодиме на сé. Токму поради тоа ги префрливме часовите во виртуелна училница. Процесот на учење си продолжи со ист интензитет. Многу сум благодарна на сите учесници на курсот. Ги задржавме истите термини и продолживме со исто темпо на учење.

На 28 Април започнува бесплатен курс Основи на Scrum. Што сé ќе научат слушателите?

Многу се радувам на овој курс. Можност ќе имаат да се вклучат и дел од оние кандидати кои не успeаа да се вклучат на редовниот курс во Едукативниот Центар. На редовните средби во Едукативниот Центар со особен интерес беше прифатена практичната работа во JIRA Software (Atlassian алатка).

Она што ќе го научат слушателите на бесплатниот курс е што значи Agile Development, принципите на Agile Development дефинирани во Agile manifesto, карактеристики и историја на Scrum, што е тоа што го одделува Scrum од другите методологии, улоги во Scrum – Product Owner, Scrum Master и тим за развој и секако за Scrum состаноци.

За крај што би им препорачала на сите кои размислуваат за кариера поврзана со менаџирање и агилни методологии?

Би ги охрабрила сите кои сакаат да започнат кариера поврзана со менаџирање и агилни методологии да го направат тоа. Навистина е поле кое нуди многу можности за кариерен развој. Како велат сé е возможно доколку се сака нели?