Живееме во време кога секое дете посетува најмалку еден курс после училишните обврски, и тоа уште од мали нозе. Дали е тоа Англиски, Информатика, Програмирање или нешто друго, сите деца посетуваат многу активности. Сите овие активности ултимативно треба да водат до описменето дете кое располага со сите вештини потребни да се успее денес.

Но дали сте се запрашале што е правилно за вашето дете? Дали тие курсеви вродуваат со плод? Дали самото дете или вие сакате да ги посетува тие курсеви? Како мерите дали курсевите го испорачуваат она што го ветиле? Дали некој го следи прогресот на вашето дете?

Одговорот на овие прашања ќе ви отвори многу дилеми, но верувајте ќе ви помогне да го насочите правилно вашето дете кон патот на успехот. Многу е значајно уште од мали нозе да се пронајде што е она што го привлекува вашето дете, што сака и што му лежи, народски кажано. Доколку сака да пее тогаш следете го тој талент и обидете се да го надополнувате на секој можен начин. Доколку е тоа математика или компјутери не се двоумете и веднаш предложете му да посети курс за програмирање. Математичките вештини се многу значајни за еден добар програмер, а сите знаеме дека програмирањето е професијата на иднината.

Како да знаете кој курс да го одберете?

Откако ќе откриете што му лежи најмногу на вашето дете, треба да изберете кој курс да го запише и секако каде ќе го посетува тој курс. Одговорот за курс е прилично индивидуален, но кога се работи за извдедувалчот на курсот одговорот е едноставен, изберете традиција и искуство. Тие две компоненти секогаш се рецептот за успех. Ако на тоа додадете и следење на развојот на децата, тогаш имате победник. Токму тоа го нуди Интерворкс Едукативен Центар. Контиунирано следење на прогресот на вашите деца од 8 одделение па се до 4та година средно. Програмата е креирана на начин на којшто лесно и брзо за само 90 минути неделно, со лесни и интересни задачи, преку текот на целата година ќе им ги пренесе основите на програмирање. Првите контакти на децата со програмирањето се многу значајни, затоа што благодарение на нив може да побудите интерес кај детето, или пак да го направите токму спротивното.

На основа на нашите курсеви децата после завршување на средното образование ќе можат полесно да се вклопат на факултет или пак да продолжат да ги слушаат нашите курсеви, што брзо ќе им помогнат да стигнат полесно до вработување. Индустријата е динамична, но постојат одредени основи кои се неопходни и не се менуваат премногу често. Токму тие основи треба да ги совладаат во текот на основното и средното образование, а потоа, повторно преку формалното образование или преку наши курсеви или нашата Академијата, да стигнат до работа. 

Не чекајте и започнете да ја градите иднината на вашето дете, уште денес. Трасирајте го нивниот пат до успехот уште од мали нозе и засадете им навика за постојано учење и истражување.


Верувајте тоа е единствениот пат до успехот!