Децата растат во дигитална ера каде што кодирањето и програмирањето се вештини кои се користат секојдневно. Стекнувајќи и надоградувајќи ги овие ветштини децата ги развиваат нивните аналитички способности, способности за решавање на проблеми, логичко размислување, упорност и отпорност, комуникациски вештини, креативност. Децата едноставно учат како да научат.

Денес кодирањето и програмирањето се неопходни вештини, а изучувањето на курсевите стана неопходно. Патот креиран за вашите деца од почетници да станат ИТ професионалци вклучува внимателно одбрани програми преточени во обуки согласно на нивната возраст:

Scratch е визуелен програмски јазик што овозможува креирање интерактивни приказни, игри и анимации и учење на концептите на програмирањето. Децата ќе развијат вештини во мултимедијална комуникација, да размислуваат креативно, систематски и да соработуваат меѓусебно.

Денес најчесто се развиваат веб апликации. Затоа еден од првите чекори треба да биде совладување на HTML&CSS. Оваа обука на децата ќе им ги открие основните концепти за правење веб страни или како што тоа популарно се нарекува – веб дизајн. Со помош на HTML & CSS ќе научат да прават веб страни на кои ќе бидат горди, а тоа во нив ќе ја побуди желбата за развивање веб апликации.

Преку обуката Вовед во програмирање со помош на Java децата ќе ги научат основите на објектното ориентирано програмирање и тоа со помош на програмскиот јазик Java којшто е најпогоден за оваа намена. По успешното завршување на оваа обука децата ќе можат самостојно да креираат програми.

Современите апликации скоро по правило користат Бази на податоци. Затоа следниот чекор при совладување на информатиката треба да биде совладување на Базите на податоци. Со помош на оваа обука децата ќе ги совладаат техниките за работа со системите за управување со бази на податоци, како и јазикот SQL.

Практично врз секој современ програмски јазик се базираат т.н. работни рамки. Со помош на работните рамки значително се забрзува развојот на апликациите. Затоа со помош на оваа обука децата ќе ги совладаат основите на најпознатите и најчесто користените работни рамки, базирани на програмскиот јазик Java, а тоа се Spring и Hibernate. Со помош на оваа обука децата ќе се запознаат со потребата од веб сервиси.

Со цел да се заокружат знаењата за начините на поврзување и комуникација на повеќе различни делови од апликациите ја нудиме оваа обука за Вовед во веб програмирање и користење веб сервиси. Начинот на користење на веб сервисите кај веб програмирањето е со помош на JavaScript. Затоа акцентот на оваа обука ќе биде како децата да го искористат овој јазик во веб апликациите.

Со нашите обуки од почетници креираме млади ИТ професионалци спремни за кариерно определување во оваа сфера. Понатаму нудиме следни обуки со цел надоградба на нивните знаења и вештини, сè до реализирање на крајната цел – нивно вработување.