Влези во светот на програмирањето
Опис на курсот

Сакаш да научиш што навистина се крие зад сурфањето на интернет, и играњето игри? Сакаш да дознаеш што всушност претставува Facebook? Сакаш да учиш актуелни содржини?

Дозволи нашите експерти да те воведат во светот на програмирањето, со правилен избор на првиот програмски јазик со кој ќе се сретнеш. Започни да чекориш по патот кон успешен развој до иден професионалец во ИТ индустријата.

Запиши се на курсот Основи на програмирање и добиј шанса да креираш програми и да дојдеш на чекор поблиску до твојата идна професија во ИТ.

Погледни ја целосната програмa.

Програма
  • Byte Code, Eclipse, Hello World;
  • OOP Basics (Class, Field, Method, Instance, Method Invocation, Encapsulation);
  • Primitives; Arrays; Wrapper Classes;
  • Program Flow Control;
  • Exception Handling, Streams (work with files);
  • Class Object (equals(), hashCode(), toString());
  • Inheritance, Abstract Classes, Interfaces, Polymorphism;
  • Generics; Collection Framework (Set, List, Map);
  • FP Basics (Lambda Expressions, Stream API – filter, map, collect);
  • Алгоритми – основни примери;
Што ќе научите

По успешно завршување на оваа обука, учениците ќе го постигнат следното:

  • Совладување на основите на објектно-ориентирано и функционално програмирање, со помош на програмскиот јазик Java;
  • Искуство во креирање и дебагирање мали апликации со помош на работната околина Eclipse;
  • Запознавање со основни формати на датотеки (CSV, Fixed Width);
  • Зголемен вокабулар на корисни програмски конструкции;
  • Аналитичко размислување и осмислување мали апликации.
Распоред и динамика

Динамиката на одржување на средбите ќе биде по една средба (предавање, или час) седмично.
Времетраењето на една средба ќе изнесува 1,5h.
Вкупниот број средби ќе биде 28. Сите средби ќе бидат одржани во период од една учебна година, од октомври до мај.

Потребни предзнаења

Предзнаења за овој курс не се потребни, затоа што курсот е наменет за почетници и тоа основци од последните две школски години и за средношколци кои сакаат да се запознаат со објектно и функционално програмирање, но и со програмирањето воопшто, како и со одредени основни алгоритми.

Предавачи