Да бидеме одговорни, да учиме и работиме од дома и времето да го искористиме конструктивно
Опис на курсот

Во време кога целиот свет се бори со еден од најтешките предизвици, Интерворкс Едукативен Центар како општествено одговорна компанија, онлајн курсот за развој на веб апликации со Java (Spring и Hibernate), го нуди бесплатно.

Оваа обука ти дава можност да го совладаш начинот за креирање веб решенија со моќната работна рамка Spring, како и начинот за раководење со релационите бази на податоци преку работната рамка Hibernate.

Започни да ја градиш својата кариера како програмер и стани дел од големото семејство програмери, кои изненадуваат со своите извонредни веб апликации.

Линк за средба 1: (31.03.2020 18:00h): https://www.youtube.com/watch?v=csLqRNLYTVA&t=598s
Линк за средба 2: (03.04.2020 18:00h): https://youtu.be/VZFia8xOFkE
Линк за средба 3: (07.04.2020 18:00h): https://youtu.be/Ap0Oizrcxrk
Линк за средба 4: (10.04.2020 13:30h): https://youtu.be/CaPHb4C42LQ
Линк за средба 5: (14.04.2020 13:30h): https://youtu.be/9_Qo2F1X_28
Линк за средба 6: (21.04.2020 13:30h): https://youtu.be/rZoiaZz8bqU
Линк за средба 7: (24.04.2020 13:30h): https://youtu.be/qeIcV1hwRE4
Линк за средба 8: (28.04.2020 13:30h): https://youtu.be/VerNof3JfO4

Програма
  1. Веб сервиси: RESTful;
  2. Структури на податоци: XML, JSON;
  3. Spring: Boot, Core;
  4. Hibernate (JPA);
Што ќе научите

По успешно завршување на овој курс, кандидатите ќе се стекнат со следните вештини:

  • запознавање со HTTP протоколот;
  • развивање RESTful веб сервиси;
  • запознавање со структурите на податоци: XML и JSON;
  • запознавање со апликациски сервери;
  • запознавање со основните сегменти на работната рамка Spring;
  • запознавање со основните сегменти на работната рамка Hibernate;
  • зголемен вокабулар на корисни програмски конструкции;
Распоред и динамика

Ќе се одржуваат две средби седмично, а една средба ќе трае 1h. Ќе изработиме мал, но комплетен проект.

Потребни предзнаења

За следење на оваа обука, потребни се познавања за објектно ориентирано и функционално програмирање, концепти за развивање софтвер со помош на Java и релациони бази на податоци.

Предавачи
Деан Јошевски

Деан Јошевски

Експерт за Јava и други актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки, со искуство повеќе од две децении. Управител на Интерворкс Едукативен Центар и предавач на „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2019/07/05120316/text2image_W9521578_20200305_105312.png