Остани дома и научи front-end
Опис на курсот

Сакаш својата креативност да ја видиш на дело? Сакаш сето она што го замислуваш да го преточиш во веб страна или веб апликација?
Искористи ја твојата креативност и амбиција за учење и научи да дизајнираш веб страни и веб апликации, а воедно и самостојно истите да ги креираш и одржуваш.
Прошири го своето знаење и направи веб страна која ќе добие милион кликови.

Програма
  1. HTML и CSS;
  2. Bootstrap и Responsive design;
  3. JavaScript и AJAX;
  4. jQuery;
Што ќе научите

По успешно завршување на овој курс, ќе се стекнеш со следните вештини:

  • знаење на HTML и како да се користи
  • знаење за CSS и како да се користи
  • можност сам да дизајнираш веб страни
  • искуство со Bootstrap
  • искуство со таргетирање селектори во jQuery
  • искуство во работа со настани како на пример клик со глувче, притискање тастер и сл.
  • знаење за претворање на било која веб страна во оптимизирана за користење на мобилен
  • можност да се креираат динамички и user-friendly веб страни
  • можност да се користат jQuery ефекти
  • знаење на некои од најкористените DevTools
  • знаење за трикови и модерни најдобри практитки за градење на професионална веб страна
Распоред и динамика

Ќе се одржуваат две средби седмично, а една средба ќе трае 2h.

Потребни предзнаења

За следење на овој курс, не се потребни предзнаења.

Предавачи
Александра Нацеска

Александра Нацеска

Експерт во областа на front-end и креирање на веб страни. Предавач на курсот Комплетен онлајн курс за front-end програмери.

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2020/03/20103725/mealexN.png