Стани SCRUM професионалец
Опис на курсот

Работиш во голем тим и чувствуваш дека задачите не се извршуваат со оптимална брзина? Водиш проект но не си сигурен дали се одвива во правилна насока? Сакаш да станеш менаџер? Работиш како програмер или тестер но планирањето не ти оди од рака? Сакаш да имаш јасна претстава кој на што работи во секое време?

Тогаш Современи методи на менаџирање е идеалниот курс за тебе. Имаш единствена шанса да го поттикнеш своето „агилно“ размислување и да ја усвоиш методологијата за управување со проекти наречена Scrum. Курсот ќе ти овозможи да ги совладаш концептите на агилниот развој, со посебен акцент на оваа методологија.

Стани дел од најбарани професионалци во светот, а и кај нас, односно Scrum професионалец.
Погледни ја целосната програма.

Програма
  1. Основи на Agile Scrum Methodology
  2. Процеси и фази во Scrum
  3. Улоги во Scrum
  4. Scrum Product backlog
  5. Решавање на конфликти во Scrum
  6. Product Backlog Grooming meeting
  7. Sprint Planning meeting
  8. Daily Scrum meeting
  9. Sprint Review meeting
  10. Sprint Retrospective meeting
  11. Scrum во споредба со традиционален Проектен менаџмент
  12. Работа во JIRA
Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да стекнат знаење и вештини кои се доволни за да можат да користат агилен развој во нивната организација.

Кандидатите ќе се стекнат со следните знаења:

  •  Agile Scrum Methodology
  • Улоги, настани и артефакти во Scrum
  • Значење на вредностите на Scrum
  • Како да водите самоорганизирачки и крос-функционални тимови
  • Во кои проекти може да се примени Scrum
  • Како да започнете да работите со нов тим и да осигурате тимски успех
  • Вештини и способности потребни да станете дел од Scrum тим
Распоред и динамика

Динамиката е 2 средби (часа) неделно.
Целиот курс ќе има 12 средби. Сите средби ќе бидат реализирани во период од еден и пол месец (6 недели).

Потребни предзнаења

Не се потребни претходни предзнаења. Курсот е наменет за почетници.
Група ќе биде формирана за минимум 9 пријавени посетители.

Предавачи
Марија Димитровска

Марија Димитровска

SCRUM Mастер

Сертифициран SCRUM мастер и специјалист во работа со агилни методологии и алатки. Предавач на курсот „Современи методи на менаџирање".

marija DOT dimitrovska AT interworks DOT com DOT mk