Создавај извонредни апликации
Опис на курсот

До каде оди твојата љубопитност? Сакаш да научиш како се направени апликациите за раководење објекти испратени во вселената? Уште повеќе, дали сакаш да научиш да создаваш такви и многу други различни апликации?

Курсот Развој на софтвер со помош на Java ти дава можност да го совладаш програмскиот јазик Java кој го користат повеќе од 6 милиони програмери во светот и да се стекнеш со теориско и практично знаење за брз развој на софтвер.

Започни да ја градиш својата кариера како програмер веднаш и стани дел од големиот број на програмери кои изненадуваат со нивните извонредни апликации.

Погледни ја целосната програма.

Програма

Прв дел

  • OOP и FP во Java
  • RDBMS
  • Java Servlets, HTML, AJAX (JavaScript, JSON)

Втор дел

  • Versioning and project management
  • Spring (Boot, Core)
  • Web Services: SOAP, REST (XML)
  • Hibernate (JPA)
Што ќе научите
  • запознавање со OOP и FP во Java;
  • искуство во креирање и дебагирање софтвер во Eclipse IDE;
  • запознавање со основни и напредни структури на податоци (XML and JSON);
  • независно дизајнирање на релациони бази на податоци со средна комплексност;
  • независно развивање SQL наредби за проекти со средна комплексност;
  • запознавање со HTTP протоколот;
  • запознавање со веб, Java Servlets и апликациски сервери;
  • запознавање со HTML, JavaScript и AJAX;
  • запознавање со главните сегменти на Spring enterprise framework;
  • вештини за користење JDBC и/или ORM софтвер– Hibernate (JPA) за пристапување и користење RDBMS со Java апликација;
  • развивање SOAP и RESTful Web Services;
  • користење на алатката за верзионирање- Git;
  • креирање и менаџирање проекти со Maven;
  • зголемен вокабулар на корисни програмски конструкции;
Распоред и динамика

Курсот ќе се одржува два пати неделно, еден час ќе трае 120 минути.

Потребни предзнаења

Не се потребни претходни предзнаења

Предавачи
Деан Јошевски

Деан Јошевски

Експерт за Јava и други актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки, со искуство повеќе од две децении. Управител на Интерворкс Едукативен Центар и предавач на „Комплетен курс за Java програмери".

dean DOT joshevski AT interworks DOT com DOT mk