Креирај извонредни веб страни
Опис на курсот

Сакаш својата креативност да ја видиш на дело? Сакаш сето она што го замислуваш да го преточиш во веб страна или веб апликација?

Искористи ја твојата креативност и амбиција за учење и посети го нашиот курс за Основи на веб дизајн по кој ќе научиш да дизајнираш веб страни и веб апликации, а воедно и самостојно истите да ги креираш и одржуваш.

Прошири го своето знаење и направи веб страна која ќе добие милион кликови.

Погледни ја целосната програма.

Програма

Прв дел 

  • HTML & CSS
  • JavaScript (basics)
  • jQuery (basics)
  • Frontend development tools

Втор дел 

  • Bootstrap & Responsive design
  • CSS preprocessors
  • jQuery (Advanced)
  • Angular (basics)
Што ќе научите

По успешно завршување на овој курс, кандидатите ќе се стекнат со следните вештини:

  • знаење на HTML и како да го користат
  • знаење за CSS и како да го користат
  • можност сами да дизајнираат вебстрани
  • искуство со Bootstrap
  • искуство со таргетирање selectors во jQuery
  • искусво во работа со произволни user events како на пример mouse clicks и keyboard presses
  • знаење за сечење, скалирање, намалување на слики за користење на веб
  • знаење за претворање на било која веб страна во оптимизирана за користење на мобилен
  • можност да се креираат динамички и user-friendly веб страни
  • можност да се користи jQuery effects да се стават специјални ефекти на веб страните
  • знаење на некои од најкористените DevTools
  • знаење како да се пишува поефективен веб код, совети и трикови и модерни најдобри практитки за градење на професионална веб страна
  • знаење за Angular (една од најпопуларните frontend frameworks)
Распоред и динамика

Динамиката на курсот се 2 средби во текот на една недела. Траењето на една средба е 2 часа.
Секој дел од курсот ќе трае 24 средби и средбите од секој дел ќе се одвиваат во период од 3 месеци (12 недели).
Целосниот курс ќе трае 48 средби и средбите од целосниот курс ќе се одвиваат во период од 6 месеци (24 недели).

Потребни предзнаења

Предзнаења за курсот не се потребни. Овој курс е наменет за почетници и ги подготвува кандидатите со знаење кое е потребно за другите курсеви.

Предавачи