Курсот ќе се одвива онлајн
Опис на курсот

Стани дел од ИТ индустријата по најпристапни услови досега

Сакаш да започнеш кариера како програмер, тестер или интегратор но не знаеш како? Се гледаш како дел од ИТ индустријата но ги немаш потребните предзнаења? Како најлесно и најбрзо да дојдеш до основите потребни за да станеш успешен тестер, програмер или интегратор?
Подготвителниот курс за програмери, интегратори и тестери е наменет токму за тебе. До крајот од обуката, ќе знаеш да програмираш, да дизајнираш и користиш релациони бази на податоци, како и веб апликации базирани на веб сервиси.
По успешно завршување на овој курс ќе бидеш подготвен твоето усовршување да го реализираш преку некој од специјализираните курсеви за интеграции или тестирање, кои ги нудиме и кои може да водат до твое вработување.

Програма
  1. OOP и FP со помош на Java;
  2. RDBMS (PostgreSQL);
  3. Web Development (Web Services);
Што ќе научите
  • објектно ориентирано програмирање;
  • алатката Eclipse за развој на апликации со помош на Java;
  • релациони бази на податоци и пристапување преку JDBC;
  • структурите на податоци XML и JSON;
  • основите на XHTML, CSS и AJAX;
  • користење SOAP и RESTful веб сервиси;
  • вокабулар од областа на програмирањето, интегрирањето и тестирањето;
Распоред и динамика

Ќе се одржуваат три средби седмично, а една средба ќе трае 2h.

Потребни предзнаења

За следење на овој курс, не се потребни предзнаења.

Предавачи
Гоце Белџигеровски

Гоце Белџигеровски

Искусен експерт за повеќе актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки. Предавач на „Подготвителен курс за програмери, интегратори и тестери".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2019/10/05120726/text2image_H6172465_20200305_105521.png
Деан Јошевски

Деан Јошевски

Експерт за Јava и други актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки, со искуство повеќе од две децении. Управител на Интерворкс Едукативен Центар и предавач на „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2019/07/05120316/text2image_W9521578_20200305_105312.png