Да бидеме одговорни, да учиме од дома и времето да го искористиме констуктивно
Опис на курсот

Во овој специфичен период, кога сите треба да бидеме одговорни, Интерворкс Едукативен Центар како општествено одговорна компанија нуди бесплатен онлајн курс за програмирање со помош на Java.

Ајде продуктивно да го поминеме периодот додека училиштата и факултетите не работат, и да научиме нешто ново и многу корисно.

Овој курс е наменет за сите кои сакат да научат да програмираат. До крајот од обуката, ќе знаеш самостојно да програмираш со помош од еден од најкористените програмски јазици во светот.

Програма
  1. OOP со помош на Java;
Што ќе научите

По успешно завршување на овој курс, ќе се стекнеш со следните вештини:

  • објектно ориентирано програмирање;
  • програмскиот јазик Java;
  • искуство во креирање и дебагирање апликации во Eclipse IDE;
  • вокабулар од областа на програмирањето;
Распоред и динамика

Ќе се одржуваат две средби седмично, а една средба ќе трае 1h. Ќе си задаваме и задачи, а ќе обезбедиме и литература.

Потребни предзнаења

За следење на овој курс, не се потребни предзнаења. Можат да го следат сите кои сакаат да научат да програмираат.

Предавачи
Деан Јошевски

Деан Јошевски

Експерт за Јava и други актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки, со искуство повеќе од две децении. Управител на Интерворкс Едукативен Центар и предавач на „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2019/07/05120316/text2image_W9521578_20200305_105312.png