Да бидеме одговорни, да останеме дома, а времето да го искористиме продуктивно
Опис на курсот

Децата се можеби 20% од нашата популација, но тие се 100% наша иднина.

Во овој специфичен период, сите треба да бидеме одговорни. Интерворкс Едукативен Центар е општествено одговорна компанија и затоа нуди бесплатен онлајн курс за вовед во веб дизајн, наменет за деца и млади.

Сакаш да бидеш одговорен, но и да ја искористиш оваа вонредна состојба паметно?

Посети го бесплатниот онлајн курс за вовед во веб дизајн, наменет за деца и млади, и научи како да ја искористиш технологијата во своја корист. Научи на брз, лесен и правилен начин да направиш веб страна.

Линк за средба 1: (31.03.2020 13:30h): https://www.youtube.com/watch?v=rBVfxBCwVG8
Линк за средба 2: (03.04.2020 15:00h): https://youtu.be/b7CLHHo8Hs0
Линк за средба 3: (07.04.2020 13:30h): https://youtu.be/pn-YJutv6qI
Линк за средба 4: (10.04.2020 10:30h): https://youtu.be/oVJm0KfBE20
Линк за средба 5: (14.04.2020 10:30h): https://youtu.be/8XsbwG4Wf2M
Линк за средба 6: (21.04.2020 10:30h): https://youtu.be/eijEDZcyaqw
Линк за средба 7: (24.04.2020 10:30h): https://youtu.be/MDlBppbq2nY
Линк за средба 8: (28.04.2020 10:30h): https://youtu.be/QhEtuZUVFQk

Програма
  • Поставување работна околина
  • HTML
  • CSS
Што ќе научите

По успешно завршување на овој курс, учениците ќе се здобијат со следните знаења:

  • креирање статички веб страници со HTML;
  • основи на стилизирање веб страници со CSS;
  • зголемување на вокабуларот со корисни конструкции од областа на програмирањето;
  • припрема за натамошно полесно совладување нови програмски јазици и технологии;
Распоред и динамика

Динамиката на одржување на средбите ќе биде по една средба седмично, а една средба ќе трае 1h. Ќе си задаваме и вежби, ќе биде корисно и интересно.

Потребни предзнаења

Предзнаења за овој курс не се потребни, затоа што курсот е наменет за почетници кои сакаат да се запознаат со начинот на креирање веб презентации.

Предавачи
Деан Јошевски

Деан Јошевски

Експерт за Јava и други актуелни програмски јазици, бази на податоци, веб сервиси и многу други технологии и алатки, со искуство повеќе од две децении. Управител на Интерворкс Едукативен Центар и предавач на „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2019/07/05120316/text2image_W9521578_20200305_105312.png