Да бидеме одговорни, да учиме од дома и времето да го искористиме конструктивно
Опис на курсот

Во овој специфичен период, кога сите треба да бидеме одговорни, Интерворкс Едукативен Центар како општествено одговорна компанија нуди бесплатен онлајн курс за Основи на Scrum методологија.

Ајде продуктивно да го поминеме периодот додека сме дома и да научиме нешто ново и многу корисно.

Денес ИТ тимовите во повеќе индустрии користат агилни методологии и алатки за да го забрзаат развојот на ИТ решенија и да овозможат брза испорака на софтвер, како и да одговорат на барањата на клиентите во краток временски интервал.
Агилниот пристап поттикнува на тимска работа, самоорганизација и одговорност, и претставува збир на најдобри инженеринг практики наменети да овозможат брза испорака на софтвер усогласен на потребите на клиентите и целите на компаниите.

Линкoт од сите средби е достапен тука: https://www.youtube.com/watch?v=KTJkIXkaPRw&list=PLH-n6tpKFbRpobiIhnf_R5-jF5AVt9Spv

Програма
  1. Вовед во Scrum методологија
Што ќе научите

По успешно завршување на овој курс, ќе се стекнеш со следните вештини:

  • Што значи Agile Development?
  • Принципите на Agile Development дефинирани во Agile manifesto
  • Карактеристики и историја на Scrum
  • Што го одделува Scrum од другите методологии?
  • Улоги во Scrum – Product Owner, Scrum Master и Тим за развој
  • Scrum состаноци
Распоред и динамика

Ќе се одржуваат две средби седмично, а една средба ќе трае 1h.

Потребни предзнаења

За следење на овој курс, не се потребни предзнаења. Можат да го следат сите кои сакаат да научат повеќе за една од најпопуларните методологии Scrum.

Предавачи
Марија Димитровска

Марија Димитровска

SCRUM Мастер

Сертифициран SCRUM мастер и специјалист во работа со агилни методологии и алатки. Предавач на курсот „Современи методи на менаџирање" и "Основи на Scrum методологија".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2019/08/05120850/text2image_B5808551_20200305_105755.png