Курсот ќе се одвива онлајн
Опис на курсот

Дали сакаш да започнеш кариера во програмирање? Сакаш да бидеш дел од ИТ светот но немаш никакви предзнаења?

Курсот обезбедува вовед во програмирање и пограмскиот јазик C#, на многу лесен и едноставен начин. Наменет е за сите кои немаат, или имаат само мало теоретско знаење од областа на програмирњето. Курсот може да послужи како солидна основа за понапредни курсеви за програмирање како и за сите оние кои сакаат да го користат C# во својата професионална работа.

Програма
  • Комјутери, податоци, програмски јазици
  • Основи на C#
  • OOP концепти со помош на C#
Што ќе научите
  • Разбирање на основите на програмирање
  • Знаења за OOP со C#;
  • Искуство со развој и дебагирање на софтвер во Visual Studio;
  • Основно познавање на структури на податоци
  • Зголемен вокабулар на корисни програмски конструкции
  • Цврста основа за полесно учење на нови јазици
Распоред и динамика

Динамиката е 2 средби седмично. Времетраење на една средба ќе биде 2 часа. Комплетниот курс ќе трае 8 средби кои ќе се одржат во период од еден месец.

Потребни предзнаења

Курсот е наменет за почетници и затоа не се потребни претходни предзнаења.

Предавачи
Гоце Митковски

Гоце Митковски

Експерт во областа на програмирање

Работи на развој на современи и комплексни апликации користејќи ги Microsoft технологиите. Предавач на курсот “Почетен курс за програмирање co C#”.

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2020/07/10143813/goce-mitkovski.png