Курсот ќе се одвива онлајн
Опис на курсот

Дали сакаш да работиш во една од најактуелните професии? Дали работата со податоци ти е омилен дел при развивање на софтвер? Дали сакаш да стекнеш познавања поврзани со Data Science и Python како најсоодветен јазик? Дали сакаш да се запознаеш со релациони и нерелациони бази, воедно и со дизајнирање и работа на складиште на податоци (Data Warehouse) и да ја откриеш моќта на податоците?
Овој курс е идеален за тебе. До крајот на обуката ќе добиеш познавања од релациони и нерелациони бази на податоци и како се користат практично, како се сместуваат и организираат податоците во различни структури.
Ќе добиеш одлични предзнаења за алгортимите кои се користат во делот на Data Science и нивна практична примена со користење на Python.
Подготвени сме да те воведиме низ патот на твојата нова кариера која моментално е една од најбараните во светот.
Стани дел од најбарани професионалци за менаџирање на податоци во светот, а и кај нас.
Погледни ја целосната програма.

Програма
  • Релациони бази на податоци
  • PostgreSQL
  • SQL (Structured query language)
  • Основи на Python
  • Подготовка (Предпроцесирање) на податоци во Python
  • Анализи на податоци и визуелизација во Python
  • Нерелациони бази на податоци
  • Neo4J
  • Cypher language
  • Складиште на податоци (Data warehouse)
  • Дизајн на складиште на податоци
  • Процес на полнење на складиштето со податоци
  • Дефинирање на ETL со користење на SSIS
Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:

  • Релациони бази на податоци
  • Дизајн на релациона база на податоци
  • PostgreSQL
  • SQL (Structured query language)
  • Python
  • Подготовка (Предпроцесирање) на податоци
  • Анализи на податоци и визуелизација
  • Нерелациони бази на податоци
  • Neo4J
  • Cypher language
  • Складиште на податоци (Data warehouse)
  • Дизајн на складиште на податоци
  • Процес на полнење на слкладиштето со податоци
  • Дефинирање на ETL со користење на SSIS
Распоред и динамика

Обуката ќе се изведува на тој начин што седмично ќе се одржуваат по 2 средби. Секоја средба ќе трае по 2h. Со оваа динамика на одржување, обуката ќе трае околу 4 месеци. Вкупниот број саати на обуката изнесува 68h.

Потребни предзнаења

Обуката е наменета за почетници и затоа пред почетокот не се бараат предзнаења.

Предавачи
Цветанка Ефтимоска

Цветанка Ефтимоска

Софтверски инженер и експерт за податоци

Софтверски инженер со повеќегодишно искуство и експерт за менаџирање на податоци. Поседува широк спектар на технички компетенции, вклучувајќи работа со секаков тип на податоци како на пример "големи податоци" (Big Data), машинско учење, бази на податоци (релациони и нерелациони), дизајн и работа со складишта на податоци (Data Warehouses) и ETL процеси, програмски јазици Python, R, SQL. Сертифициран Neo4J професионалец. Предавач на курсот “Data management with Python”.

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2020/07/10120342/cvetanka-eftimoska-1.png