Курсот ќе се одвива онлајн
Опис на курсот

Дали сакате да менаџирате полесно со вашите проекти? Потребна ви е алатка со која ќе бидете попродуктивни? Сакате полесно да ги следите проектите?

Курсот обезбедува солидна основа за користење на Jira и се однесува на сите корисници на Jira Cloud. На овај курс ќе научите за основите на Jira, како да нагодувате и како да користите Jira за потребите на вашата компанија. До крајот на курсот ќе знаете сé што е потребно за да сте продуктивни и да започнете да ги менаџирате вашите проекти за развивање софтвер со помош на Jira. Јira е водечка алатка за следење, планирање, градење и испорака на одличен софтвер.

Програма
  • Course Overview
  • Jira Overview
  • Project Boards
  • Enrich Issues
  • Kanban Method
  • Scrum Projects
  • Searching
  • JQL
  • Filters
  • Epics
  • Dashboards

 

Што ќе научите
  • Што е Jira и кои бенефити ги нуди
  • Главните карактеристики на Jira и принцип на работа
  • Како да ја користите Jira и да ја подобрите ефикасноста и продуктивноста на тимот во делот на планирање, организација и следење на напредокот
  • Како да ја користите Jira како тим лидер или менаџер
  • Како да ја користите Jira како член на агилен тим- креирање, работење и пребарување на задачи, креирање уникатни прегледи и извештаи
  • Како ефективно да користите JIRA Query Language (JQL) за да пребарувате задачи во ЈIRA
  • Како да креирате и да конфигурирате Agile Scrum и Kanban Boards
  • Како да го дефинирате вашиот workflow process на ниво на проект
  • Како да креирате Dashboard со информации кои ќе бидат корисни за следење на напредокот на тимот
Распоред и динамика

Динамиката на курсот се 2 средби во текот на една недела. Траењето на една средба е 1,5 час.
Курсот ќе трае 12 средби, или 18 саати, во период од 6 седмици.

Потребни предзнаења

Не се потребни претходни предзнаења за посета на курсот.

Предавачи
Емилија Милевска

Емилија Милевска

Сертифициран JIRA администратор

Сертифициран Atlassian JIRA администратор. Експерт во областа на агилни методологии и проектен менаџмент. Предавач на курсот “Вовед во JIRA”.

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2020/07/10091642/emilija-milevska.png