Курсот ќе се одвива онлајн
Опис на курсот

Сакаш да ја зголемиш својата продуктивност? Дали би сакал да научиш како да изработуваш поквалитетни Web базирани решенија? Сакаш твоите решенија да бидат безбедни, флексибилни и да бидат во согласност со најмодерните стандарди?

Тогаш ова е вистинскиот курс за тебе. Програмата ќе те воведе во основите на Laravel framework и ќе те донесе чекор поблиску до најупотребуваниот framework во светот на PHP. Со курсот „Вовед во Laravel“ на лесен и едноставен начин ќе можеш да го креираш своето Web решение и за кратко време да научиш што значи да си Laravel програмер.

Програма
  • Basics
  • Laravel Magic
  • Laravel moving parts
  • Frontend handling
  • Database access
  • Data manipulation
  • Security
  • Files storage
  • Real-time applications
  • Testing
  • Laravel Dusk
  • Common packages
Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:

  • познавања за креирање на нов проект со помош на Laravel framework
  • креирање на различни web страни и лесна навигација помеѓу истите
  • безбедност на страните и нивни рестрикции
  • валидирање на податоците, нивна заштита и приказ на грешки
  • забрзан развој на различни страни со користење на master темплејти
  • професионален начин на одржување на MySQL бази на податоци и манипулација со различни табели
  • работа со различни типови на колекции, релации помеѓу истите и различен начин на нивниот приказ
  • пристап кон web решението со логирани корисници, манипулација на нивните податоци и поставување на сигурносни механизми за промена на лозинка
  • примена на WebSockets и Echo за подинамични решенија
  • вовед во тестирање на изработеното решение
  • креирање на HTTP, Console, Database тестови
  • користење на некои од најпопуларните пакети за забрзан развој на web решение
Распоред и динамика

Обуката ќе се изведува на тој начин што седмично ќе се одржуваат по 2 средби. Секоја средба ќе трае по 3 часа. Со оваа динамика на одржување, обуката ќе трае околу 2 месеци.
Вкупнот број саати на обуката изнесува 48 часа.

Потребни предзнаења

За успешно следење на оваа обука потребни се основни предзнаења од програмирање со помош на PHP, основни концептни на објектно ориентирано програмирање и работа со релациони бази на податоци.

Предавачи
Благојче Количоски

Благојче Количоски

Експерт во областа на развивање на апликации, првенствено со PHP. Има стекнато искуство од над 10 години, на различни проекти за различни компании низ светот. Предавач на курсот Вовед во Laravel.

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2020/07/23080011/mail.png