Курсот ќе се одвива онлајн
Опис на курсот

Сакаш да научиш како да работиш во најпопуларните и најчесто користените програми развиени од страна на Microsoft? Имаш потреба од креирање документи, презентации и извештаи но не знаеш како?

За тебе направивме курс посветен токму на Microsoft Office. Microsoft Office e есенцијален софтвер без кој не може да се замисли работата на било која компанија. Претставува колекција на компјутерски програми направени од страна на Microsoft. Програмите се креирани за секаков вид на корисници, односно од студенти до вработени во администрација, ИТ професионалци и така натаму.

Главна цел на курсот е да се совладаат основите на најкористeните програми денес: Word, Excel, PowerPoint и Outlook.

Секој час ќе има вежби како дел од предавањата, како и пракична работа со програмите.

Започни да креираш професионални документи, темелни извештаи и одлични презентации сега!

Програма
  • Вовед во Microsoft Office
  • Вовед во Microsoft Word
  • Вовед во Microsoft Excel
  • Вовед во Microsoft PowerPoint
  • Вовед во Microsoft Outlook
Што ќе научите
  • Неопходни вештини за Microsoft Office вештини во Word, Excel, PowerPoint и Outlook
  • Како да креирате графици и други визуелни компоненти
  • Ќе ги усовршите најчесто користените функции на Microsoft Word
  • Ќе научите да правите извонредни презентации
  • Како да го поставите и да го користите Outlook и се што е поврзано со испраќање и добивање на електронска пошта
Распоред и динамика

Динамиката на курсот е 2 средби седмично. Времетраењето на една средба ќе биде 2 часа. Комплетниот курс ќе трае 20 средби, кои ќе бидат реализирани во рок од 5 седмици.

Потребни предзнаења

Претходни предзнаења за курсот не се потребни. Ова е курс наменет за почетници.

Предавачи
Катерина Д. Шемоска

Катерина Д. Шемоска

Сертифициран Microsoft програмер

Работи на развој на backend сервиси со програмскиот јазик C#, како и вклученост во сите фази во развојот на софтверски решенија. Фокусирана е на најновите технички трендови како Azure Cloud и AI и имплементација на најдобри практики. Предавач на курсот "Вовед во Office".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2020/07/10100959/katerina-shemoska.png