Курсот ќе се одвива онлајн
Опис на курсот

Си се запрашал ли некогаш како можеш да започнeш со учење на програмирање? Која е потребната основа? Дали програмерите работат по некаков стандард на развивање на web решенија и лесно одржување на истите?

Со курсот „Основи на OOP и RDBMS со PHP И MYSQL“ ќе научиш како функционира светот во програмскиот јазик PHP. Она што некогаш помислуваше дека е тешко и недостапно, со помош на овај курс ќе ти стане лесно и изводливо.

Програма

Прв дел:

  • PHP Introduction
  • Web Concepts
  • OOP Concepts

Втор дел:

  • RDBMS (MySQL)
Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:

  • како да си поставиш работна околина за PHP базирани решенија
  • синтаксата на PHP и сите основни функции кои ги нуди овај програмски јазик
  • ќе креираш форми кои лесно ќе можат да направат промена на твоите податоци
  • како да ги зачуваш податоците во МуSQL бази на податоци
  • како да ги прегледаш податоците кои си ги зачувал, како да ги промениш или да креираш нови
  • да поврзуваш две различни табели кои имаат заеднички интерес
  • ќе го организираш својот проект по најмодерни стандарди и ќе биде лесно достапен за реискористување
Распоред и динамика

Обуката ќе се изведува на тој начин што седмично ќе се одржуваат по 2 средби. Секоја средба ќе трае по 2h. Вкупнот број саати на обуката изнесува 36h, а вкупниот број средби изнесува 18. Со оваа динамика на одржување, обуката ќе трае околу 2 месеца.

Потребни предзнаења

За следење на курсот не се потребни претходни предзнаења.

Предавачи
Филип Стојковски

Филип Стојковски

Експерт во развивање на софтвер со PHP

Искусен софтверски инженер во областа на PHP технологиите со докажана историја на работа во областа на ИТ. Поседува вештини за PHP, Javascript, Databases, High Availability Architectures, Дизајн на софтвер, и CISCO системски продукти. Предавач на курсот "Основи на OOP и RDBMS со PHP и MySQL".

https://s3-eu-central-1.amazonaws.com/iwec/wp-content/uploads/2020/07/10135217/filip-stojkovski.png