Започни кариера во ИТ индустријата
Опис на курсот

Поврзувањето на разнородни системи во еден ти звучи интересно? Сакаш да интегрираш податоци од различни извори и околини со различни големини, но не знаеш како? Сакаш да работиш на платформа која ја користат Adobe, Verizon, AstraZeneca и многу други светски познати компании?

Биди дел од првиот курс во нашата земја за SnapLogic и добиј уникатна можност да ги совладаш процесите на интеграција брзо и лесно, и да започнеш со интегрирање.

Биди дел од малиот број на професионалци кои имаат практични познавања од оваа област и почни да ја градиш својата иднина во светот на интеграциите. Дополнително, курсот ќе ти даде основа за совладување на која било друга алатка од ваков вид (TIBCO, MuleSoft).

Погледни ја целосната програма.

Програма
  1. Основни и средни концепти на SnapLogic
  2. Напредни концепти на SnapLogic
  3. Weather Reporting (Final Task)
Што ќе научите

По успешно завршување на курсот, кандидатите ќе се стекнат со:

  • знаење за интеграција;
  • искуство со интеграциската алатка SnapLogic;
  • знаење за основни и напредни структури на податоци (XML и ЈSON);
  • вештини за употреба на SOAP и REST-сервисите во SnapLogic;
  • способност да развијат RESTful веб-сервиси во SnapLogic;
  • способност за употреба на алатки за верзионирање Git со SnapLogic;
  • зголемен фонд на зборови со корисни конструкции за програмирање;
  • способност за конфигурација на Snaplex;
  • знаење за употреба на Apache Velocity во SnapLogic;
  • знаење за употреба на JavaScript во SnapLogic;
  • напредно знаење за SCD.
Распоред и динамика

Динамиката на курсот е 2 средби (часови или предавања) неделно.

Времетраењето на една средба е 2 часа.
Целосниот курс ќе трае 24 средби. Сите средби од курсот ќе бидат одржани во три месеци (12 недели).

Потребни предзнаења

За посетување на овој курс потребни се предзнаења од областа на SQL (DDL, Stored Procedures, Join).