Новото нормално веќе ни стана секојдневие и како што гледаме дека ќе трае се подолго, не ни остана друго освен да се прилагодиме на истото.  Па така компаниите вложуваат во дигитализација, сведоци сме на поголем број онлајн продавници, оналјн трансакциите се зголемени и секако учењето онлајн стана секојдневие. Интерворкс Едукативен Центар со цел да го продолжи процесот на едукација продолжи во виртуелна училница. На почетокот не беше едноставно, затоа што како и секоја промена, така и оваа бара одредени прилагодувања. Но, со текот на времето слушателите не само што се навикнаа туку и го засакаа процесот на учење од дома.

Еден таков пример е Стефан, слушател на Академијата за компјутерски науки и развивање софтвер. Решивме да го прашаме како се одвива неговото учење онлајн и што мисли за овај нов тренд кој завладеа во светот.

” Онлајн предавањата се во најмала рака исто продуктивни како и оние во училница, ако не и попродуктивни.

  • Стефан, Академијата за компјутерски научи и развивање софтвер ја започна во училница, но ситуацијата со пандемијата наложи истата да се префрли онлајн. Што мислиш за оваа промена?

Да бидам искрен на почетокот бев скептик и не верував дека квалитетот на предавањата ќе биде ист како и во училница. После неколкудневно колебање решив да му дадам шанса и да се обидам со онлајн предавањата. На крај испадна дека онлајн предавањата се во најмала рака исто продуктивни како и оние во училница, ако не и попродуктивни.

  • Како се променија твоите навики за учење сега кога се е онлајн?

Навиките се исти, само што станувањето не е повеќе во 7:30, сега станувам во 8:15 и со еден клик на копчето за стартување на лаптопот веќе сум подготвен за настава.

  • Дали имаш свое катче во домот кое е твоја училница?

Немам некоја посебна просторија, онлајн наставата дозволува да следам таму каде што се чувствувам најудобно.

  • Која е најголемата предност според тебе од учење онлајн? Дали чувствуваш дека си попродуктивен?

Има повеќе предности. Не го губам времето во патување до и од училница, во секој случај се чувствувам поудобно, а искрено на мое изненадување се чувствувам попродуктивен.

  • За крај дали би им препорачал на другите учење во виртуелна училница?

Не би сакал да звучи наметнувачки, но како и за овој курс така и за се во животот им препорачувам да бидат поотворени и полиберални, во смисла барем да дадат шанса на работите и потоа сами да одлучат како им е подобро.

Доколку сакаш да го искористиш времето паметно и да му дадеш шанса на онлајн курсевите погледни ја нашата понуда и започни да градиш кариера во ИТ денес!