Александар Стефановски

Имав повеќегодишна амбиција да бидам дел од ИТ индустријата. Благодарение на курсот „Основи на компјутерски науки и развивање софтвер“ кој го посетував во Интерворкс Едукативен Центар, тој сон стана реалност. Курсот беше многу интригирачки и интересен, посебно кога развиваме мали апликации и ги учевме “тајните” на оперативните системи. Верувам дека нема подобро место да ја продолжам мојата кариера во ИТ од Интерворкс.

Билјана Јоновска

После завршувањето на студиите по информатика имав направено подолга пауза од ИТ дејноста. Со курсот “Основи на компјутерски науки и развој на софтвер” успешно ги консолидирав своите познавања од оваа област и дополнително во голема мера ги унапредив, со што го достигнав потребното ниво на знаења и на мое големо задоволство станав дел од Дата Менаџмент праксата во Интерворкс.

Марин Апчевски

При крај сум со своите студии по информатика, но со цел да ги продлабочам моите знаења, пред сè оние практичните, го посетував курсот „Основи на компјутерски науки и развивање софтвер“ во Интерворкс Едукативен Центар. Кратко по завршувањето на курсот, станав член од тимот во праксата TIBCO од Интерворкс, каде што работам, но воедно ги совладувам […]

Јелена Наумовска

Иако сум дипломиран економист многу одамна посакував да се занимавам со програмирање. Курсот „Основи на компјутерски науки и развивање софтвер“ кој го посетував во Интерворкс Едукативен Центар, ми го овозможи токму тоа, затоа што на многу динамичен, но интересен начин ми овоможи да ги осознаам сите потребни технологии и алатки за да започнам кариера во […]

Димче Савески

Мојот прв посериозен контакт со програмирањето беше во Интерворкс Едукативен Центар, на курсот „Основи на компјутерски науки и развивање софтвер“. Горд сум затоа што за околу три месеци напорно учење, работа, секојдневно патување, успеав да бидам дел од праксата SnapLogic, во канцеларијта на Интерворкс во Прилеп – мојот роден град.